/ Прочитано:

11.651

АКАДЕМИК ОНЛАЈН ОБУКА: „Корпоративна комуникација“

На 18.3.2021 година (четврток) Академик ќе одржи онлајн обука на тема „Корпоративна комуникација“. Обуката ќе се одржи од 10:00 до 13:00 часот. Предавач на обуката ќе биде Елизабета Недановска – експерт за корпоративно комуницирање и јавно говорење, правник со мастер специјализација за корпоративна комуникација, со долгогодишно искуство во работа со внатрешна и надворешна јавност на повеќе институции.

Перформансот на компаниите директно зависи од човечкиот капитал во нив и од успешната интерна комуникација. Надворешното постигнување на компаниите е резултат на начинот на управување со организациската комуникација, стекнатите вештини за корпоративна комуникација и пренесувањето на иста порака кон надвор. Денеска корпоративната комуникација е услов за добар бизнис и за одлична репутација. За нејзино усовршување потребен е стратешки приод, потребно е планирање, воведување механизми за внатрешна и надворешна комуникација и механизми за разрешување конфликти.

Корпоративната култура и комуникација се стекнува. Таа не е генетика, ниту е специфичност на поединец, туку се заснова на способноста на поединецот да се приспособува кон воспоставени механизми и цели, да дели и да даде личен придонес кон развојот и одличниот перформанс и имиџ на институцијата во која работи или со која управува. Вештините за одлична корпоративна комуникација се тема на обуката „Корпоративна комуникација“, која ќе се одржи на 18.3.2021 година.

Агенда

  1. Институционална комуникација – потреба за јакнење
  • Интерна комуникација
  • Екстерна комуникација
  1. Идентитет
  • Имиџ
  • Репутација
  1. Алатки за квалитетна комуникација
  • Стратешки приод и планирање
  • Ефикасни механизми
  • Кодекс на облекување
  • Градење тимски дух
  • Комуникација во кризни ситуации
  1. Култура на односи со јавноста
  • Канали на комуникација
  • Формална и неформална комуникација
  1. Надминување на конфликти
  • Видови конфликти
  • Начини и вештини за разрешување
  • Што понатаму?
  1. Прашања, консултации, дискусија

Цената за учество за едно лице е 1.800 денари со вклучен ДДВ.

 Плаќањето се врши врз основа на профактура, задолжително пред почетокот на обуката.

Сите заинтересирани можат да се пријават за обуката најдоцна до 17.3.2021 година (среда), преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката може да се добијат на телефоните: +389 02 3221 091 и +389 02 3122 308.

Во пријавата за учество на обуката треба да ги наведете името и презимето, информациите за субјектот кој ќе го врши плаќањето, адресата за е-пошта која ќе биде користена за да добиете покана за следење на обуката и телефонскиот број на учесникот за контакт.

Учесниците добиваат електронски материјали од обуката и сертификат за учество, којшто ќе биде пратен по пошта.

Обуката ќе се спроведува онлајн, преку платформата ZOOM, за што секој учесник неопходно е да располага со:

  • електронски уред (компјутер, таблет итн.),
  • стабилна интернет-врска,
  • микрофон и звучници (или слушалки).

Секој учесник што извршил уплата за присуство на обуката ќе добие е-пошта со линк до обуката на е-адресата што ја навел во пријавата за учество на обуката. Задолжително, при најавувањето, учесникот мора да ги внесе името и презимето со кои се пријавил за обуката.

За подетални информации за користењето на платформата Zoom, погледнете на https://akademik.mk/obuka-preku-platformata-zoom/ .