/ Прочитано:

634

АКАДЕМИК ОНЛАЈН ОБУКА НА ТЕМА: „Право на конкуренција vs. нелојална конкуренција“

Академик, на 29.03.2024 година (петок), од 10:00 до 14:00 часот, ќе одржи онлајн обука на тема: „Право на конкуренција vs. нелојална конкуренција“.

Обуката е наменета за компани кои се соочуваат со предизвици при спроведувањето на правото на конкуренцијата. Целта на обуката е да се разберат однесувањата кои имаат за цел или последица спречување, ограничување, односно нарушување на конкуренцијата. Со прецизно дефинирање и разграничување на ова недозволено однесување, ќе може да се донесат политики и практики кои би биле во сообразност со постоечката законска регулатива од оваа област и да се избегнат казните кои одат до 10% од вкупниот годишен приход на компанијата.

Дополнително, во текот на обуката ќе се направи дистинкција помеѓу правото на конкуренција и нелојалната конкуренција, која се има издвоено како посебна гранка и каде важат посебни правила на игра. Во рамките на обуката ќе биде објаснета потребата од постоење на посебни прописи за регулирање на нелојалната конкуренција, ќе се идентификуваат повредите и ќе се разгледаат правните лекови кои се на располагање во случаи на постоење на акт на нелојална конкуренција.

Предавачи на обуката ќе бидат д-р Валентин Пепељугоски, адвокат/партнер во Адвокатско друштво Пепељугоски и редовен професор во областа на право на интелектуална сопственост и антимонополско право, со долгогодишно искуство во областа на спроведување на правото на конкуренција и поранешен член на Анти-монополската управа и д-р Ана Пепељугоска, адвокат/партнер во Адвокатско друштво Пепељугоски, со домашно и меѓународно искуство во областа на правото на конкуренција и нелојална конкуренција, автор на неколку позначајни публикации на темата

Програма

  • Краток осврт на правото на конкуренција и приказ на тоа кои области се предмет на заштита на правото на конкуренција
  • Детална разработка на забранетите договори, одлуки и усогласено однесување на хоризонтално и вертикално ниво
  • Доминантна позиција и забрана за злоупотреба на истата
  • Контрола на концентрациите
  • Прибавување докази на самото место (рации) на Комисијата за заштита на конкуренцијата
  • Студии на случај (преглед на најзначајните и најновите случаи во рамките на Европската Унија и САД и Република Северна Македонија)
  • Дефинирање на нелојалната конкуренција и преглед на тоа што претставува акт на нелојална конкуренција
  • Видови и начини на заштита од нелојална конкуренција

Напомена: можни се измени во програмата, во согласност со потребите на учесниците и во зависност од дискусиите што ќе се развијат во текот на обуката.

Цената за учество за едно лице е 5.400 денари со вклучен ДДВ.

Плаќањето се врши врз основа на профактура, задолжително пред почетокот на обуката.

Сите заинтересирани можат да се пријават за обуката најдоцна до 28.03.2024 година (четврток), преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката може да се добијат на телефоните:

  • +389 071232342 и
  • +389 071232593.

Во пријавата за учество на обуката треба да ги наведете името и презимето, информациите за субјектот кој ќе го врши плаќањето, адресата за е-пошта која ќе биде користена за да добиете покана за следење на обуката и телефонскиот број на учесникот за контакт.

Обуката ќе се спроведува преку платформата ZOOM.

Учесниците добиваат електронски материјали од обуката и е-сертификат за учество.

Секој учесник на обуката ќе има и единствена можност да ги набави Коментарот на Законот за заштита на конкуренцијата и Коментарот на Законот против нелојалната конкуренција, во издание на Академик, со 50% попуст.