/Прочитано:

596

АКАДЕМИК ОНЛАЈН ОБУКА: Најчести пропусти при спроведување на постапките за јавни набавки

На 20.10.2021 година (среда) Академик ќе одржи обука на тема „Најчести пропусти при спроведување на постапките за јавни набавки“. Обуката ќе се одржи од 10:00 до 13:00 часот.

Оваа обука е наменета за договорните органи и за економските оператори, а нејзината цел е да се укаже на најчестите пропусти кои ги прават договорните органи и економските оператори во постапките за јавни набавки што вообичаено се користат (набавка од мала вредност, поедноставена отворена постапка и отворена постапка).

Оттука, во рамките на обуката ќе бидат опфатени сите поединечни фази и сегменти во спроведувањето на јавните набавки, при што фокусот ќе биде ставен на изготвувањето на тендерската документација, на изготвувањето на понудите од страна на понудувачите, како и на евалуацијата на понудите од страна на договорните органи.

Обуката е дизајнирана да даде практичен придонес во правилното спроведување на јавните набавки од страна на договорните органи и економските оператори, со тоа што најчестите пропусти, како и дилемите кои се јавуваат во реалноста ќе се детектираат преку споредување на дадените позитивни законски решенија со примери од праксата.

Предавач на обуката ќе биде Савка Нејковска-Тасева – дипломиран правник, со положен правосуден испит, вработена во Државната комисија за жалби по јавни набавки, со повеќе од десет години работно искуство во областа на јавните набавки и сертифициран обучувач од областа на јавните набавки.

Агенда

Најчести пропусти при изготвување на тендерската документација од страна на договорните органи:

  • Одлука за спроведување на постапка за јавна набавка
  • Критериуми за избор на најповолна понуда
  • Способност за вршење на професионална дејност
  • Економска и финансиска состојба
  • Техничка и професионална способност
  • Стандарди за систем на квалитет
  • Измена на тендерската документација
  • Задолжителни елементи на договорот за јавна набавка
  • Корекција на цени
  • Техничка спецификација

Најчести пропусти во фазите од постапката за јавна набавка (најчесто користени постапки

  • Постапка од мала вредност
  • Елементи на понудата
  • Услови и докази кои се бараат во тендерската документација
  • Поедноставена отворена постапка
  • Елементи на понудата
  • Услови и докази кои се бараат во тендерската документација
  • Отворена постапка
  • Елементи на понудата
  • Услови и докази кои се бараат во тендерската документација

Најчести пропусти во фазата на евалуација на понудите

  • Пропусти во согласност со членот 95 од Законот за јавните набавки – докажување на способноста
  • Пропусти во согласност со членот 109 од Законот за јавните набавки – евалуација на понудите
  • Пропусти во согласност со членот 110 од Законот за јавните набавки – невообичаено ниска цена
  • Евалуација на групна понуда
  • Евалуација на понуда кога понудувачот користи способност од други субјекти

Најчести пропусти во понудите од страна на економските оператори

  • Изготвување на понудата
  • Потпишување на понудата
  • Пополнување на техничка спецификација

Прашања и дискусија

Напомена: можни се измени во агендата, во согласност со потребите на учесниците и во зависност од дискусиите што ќе се развијат во текот на обуката.

Цената за учество за едно лице е 3.800 денари со вклучен ДДВ.

 Плаќањето се врши врз основа на профактура, задолжително пред почетокот на обуката.

Сите заинтересирани можат да се пријават за обуката најдоцна до 19.10.2021 година (вторник), преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката може да се добијат на телефоните:

  • +389 02 3221 091 и
  • +389 02 3122 308.

Во пријавата за учество на обуката треба да ги наведете името и презимето, информациите за субјектот кој ќе го врши плаќањето, адресата за е-пошта која ќе биде користена за да добиете покана за следење на обуката и телефонскиот број на учесникот за контакт.

Учесниците добиваат електронски материјали од обуката и е-сертификат за учество.

Објаснување на Платформата ZOOM

Обуката ќе се спроведува онлајн, преку платформата ZOOM, за што секој учесник неопходно е да располага со:

  • електронски уред (компјутер, таблет итн.),
  • стабилна интернет-врска,
  • микрофон и звучници (или слушалки).

Секој учесник што извршил уплата за присуство на обуката ќе добие е-пошта со линк до обуката на е-адресата што ја навел во пријавата за учество на обуката. Задолжително, при најавувањето, учесникот мора да ги внесе името и презимето со кои се пријавил за обуката.

За подетални информации за користењето на платформата Zoom, погледнете на https://akademik.mk/obuka-preku-platformata-zoom/.