АКАДЕМИК ОНЛАЈН ОБУКА: Новиот правилник за технички и организациски мерки и неговиот импакт врз постојните системи за заштита на личните податоци
Академик, во рамки на својата програма за организирање обуки за заштита на личните податоци, на 30.01.2025 година (четврток), од 10:00 до 14:00 часот, ќе одржи онлајн обука на тема: „Новиот правилник за технички и организациски мерки и неговиот импакт врз постојните системи за заштита на личните податоци“.
Дали сме подготвени за последните промени во областа на заштитата на личните податоци?
Новиот Правилник за безбедност на обработката на личните податоци носи суштински промени во системите за заштита на личните податоци воспоставени во компаниите од бизнис секторот, во организациите и кај сите други субјекти кои обработуваат лични податоци. Тој е донесен на крајот од декември 2024 година, а ќе започне да се применува од 1 јули 2025 година. Како што дефинира самиот Правилник, во овој период на прилагодување, контролорите задолжително го прилагодуваат своето работење со одредбите на Правилникот во рамките на предвидениот период на преиспитување и ажурирање на техничките и организациските мерки кои се применуваат за обезбедување безбедност на обработката на личните податоци.
Со цел да се запознаат со воведените новости, АКАДЕМИК организира обука за сите заинтересирани контролори, на која ќе се продискутираат клучните промени од Правилникот и како тие влијаат на воспоставените системи за заштита на личните податоци.
На обуката, меѓу другото, ќе се осврнеме и на тоа како да го разбереме и полесно да го прочитаме новиот Правилник, кој самиот по себе е обемно четиво (неговата содржина опфаќа 250 страници), а ќе бидат опфатени и теми, како што се подготовка на методологија за проценка на ризикот, управување со ризиците итн.
Предавач на обуката ќе биде Арбен Гудачи – експерт и консултант за заштита на личните податоци со долгогодишно искуство во областа.
Програма
- Основни поими и начела на Законот за заштита на личните податоци
- Утврдување на правниот основ и документирање на активности
- Како да го прочитаме и сфатиме новиот Правилник
- Воспоставување на информациски систем со примена на новините во Правилникот
- Како да подготвиме методологија за процена на ризикот
- Како да ги намалиме идентификуваните ризици до соодветно ниво на прифатливост
- Како да управуваме со ризиците
Напомена: можни се измени во програмата, во согласност со потребите на учесниците и во зависност од дискусиите што ќе се развијат во текот на обуката.
Цената за учество за едно лице е 5.400 денари со вклучен ДДВ.
Плаќањето се врши врз основа на профактура, задолжително пред почетокот на обуката.
Сите заинтересирани можат да се пријават за обуката најдоцна до 29.01.2025 година (среда), преку е-пошта на akademik@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката може да се добијат на телефоните:
- +389 071232342 и
- +389 071232593.
Во пријавата за учество на обуката треба да ги наведете името и презимето, информациите за субјектот кој ќе го врши плаќањето, адресата за е-пошта која ќе биде користена за да добиете покана за следење на обуката и телефонскиот број на учесникот за контакт.
Обуката ќе се спроведува преку платформата ZOOM.
Учесниците добиваат електронски материјали од обуката и е-сертификат за учество.