/ Прочитано:

1.293

АКАДЕМИК ОНЛАЈН ОБУКА: „Отворени прашања во примената на Законот за општата управна постапка“

На 7.6.2023 година (среда), од 10:00 до 13:00 часот, Академик ќе одржи онлајн обука на тема: „Отворени прашања во примената на Законот за општата управна постапка“.

Во оваа обука ќе се даде осврт на дилемите кои најчесто се појавуваат при спроведувањето на управните постапки и начините за нивно решавање, преку практични примери.

Целта на обуката е да се дадат насоки за правилно спроведување на управната постапка и донесување на правилен и законит управен акт.

Во текот на обуката ќе бидат разработени прашања кои произлегуваат при постапувањето на јавните органи во првостепената постапка, вклучително примената на ЗОУП истовремено со посебните закони, опсегот на овластувањата на службеното лице при водење на постапката, изземањето како обврска за службеното лице и последиците доколку службеното лице требало, а не се изземало, моментот на поведување и започнување на постапката наспроти роковите за постапување, разликата меѓу запирање и прекин на постапката, значењето на правилно утврдената фактичка состојба при донесување на актот и формата и содржината на актот како значајни аспекти при оценување на актот од повисоките органи.

Предавач на обуката ќе биде Ирена Брзанова  член на работната група за подготовка на Законот за општата управна постапка, со долгогодишно искуство во областа на управната постапка, со одржани голем број обуки и предавања на оваа тема.

Програма

  • Примената на Законот за општата управна постапка VS примената на посебните закони
  • Граници на овластувањето на службеното лице при водење на постапката
  • Изземањето како законска обврска на службеното лице за обезбедување непристрасност во постапувањето
  • Дилеми при спроведувањето на управната постапка:
    • Поведување/започнување на постапката
    • Можност за изменување, дополнување и откажување на барање
    • Кога постапката се запира, а кога се прекинува?
    • Целосно и правилно утврдена фактичка состојба – претпоставка за правилен и законит управен акт
  •  Формата и содржината на управниот акт – предмет на оценка од повисоките органи
  • Прашања и дискусија

Напомена: можни се измени во програмата, во согласност со потребите на учесниците и во зависност од дискусиите што ќе се развијат во текот на обуката.

 

Цената за учество за едно лице е 4.700 денари со вклучен ДДВ.

Плаќањето се врши врз основа на профактура, задолжително пред почетокот на обуката.

Сите заинтересирани можат да се пријават за обуката најдоцна до 06.06.2023 година (вторник), преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката може да се добијат на телефоните:

  • +389 071 23 23 42 и
  • +389 071 23 25 93.

Во пријавата за учество на обуката треба да ги наведете името и презимето, информациите за субјектот кој ќе го врши плаќањето, адресата за е-пошта која ќе биде користена за да добиете покана за следење на советувањето и телефонскиот број на учесникот за контакт.

Учесниците добиваат електронски материјали од обуката и е-сертификат за учество.