/ Прочитано:

1.600

АКАДЕМИК ОНЛАЈН ОБУКА: Сè што треба да знаете за канцелариското и архивското работење

На 25 ноември (средa) Академик ќе одржи обука нa тема „Сè што треба да знаете за канцелариското и архивското работење – од приемот на документацијата, па сè до нејзиното уништување“. Обуката ќе се одржи од 17:00 до 20:00 часот. Предавач на обуката ќе биде виш управен инспектор од Државниот управен инспекторат.

Една од основните задачи на секој правен субјект е правилно водење на канцелариското и архивското работење. Правилното постапување со документарниот и со архивскиот материјал е клучен сегмент во управувањето со правниот субјект и во докажувањето на законитоста во неговото работење.

Во таа насока, на обуката поединечно ќе биде обработена секоја алка во системот на канцелариското и архивското работење, и тоа:

  • законските и подзаконските акти што ги регулираат канцелариското и архивското работење;
  • процедурите за следење на патот на документите и предметите – од прием, па сè до разведување;
  • водење деловодник и помошни евиденции и административно-техничка обработка на документите, со практични примери и вежби;
  • евиденција и пополнување на печати и штембили;
  • класифицирање на документите по архивски знаци;
  • заштита на документацијата од оштетување и уништување;
  • попис и опис на архивскиот материјал;
  • одбирање на архивскиот од документарниот материјал и предавање на материјалот до надлежниот архив;
  • постапка за уништување на документарниот материјал.

Агенда

Правна рамка за канцелариско и архивско работење

  • Законски и подзаконски акти со кои се уредуваат канцелариското и архивското работење;
  • Правила и процедури за следење на движењето на актите (од влез и прием на актот, па сè до негово експедирање);
  • Права и обврски на имателите на јавен и на приватен архивски и документарен материјал.

Водење деловодник и книги за евиденција, со посебен осврт на е-архива и е-деловодник

  • Правила и техники за заведување на документите и за водење на деловодникот и други книги за евиденција;
  • Почеток на водење и заклучување на деловодникот;
  • Разведување на документи/записи во деловодникот;
  • Водење на е-деловодник и негова усогласеност со рачното водење на деловодникот;
  • Движење на документите, водење книги за евиденција и распоредување на документите во работа по вработен;
  • Евиденција и употреба на печати и штембили;
  • Овластувања за водење деловодник и е-деловодник, прием на пошта и користење на печати и штембили;
  • Специфични ситуации и проблеми од практиката што се јавуваат при водењето на деловодник кај големи правни лица и кај институции со широка организациска структура;
  • Најчесто поставувани прашања поврзани со електронското водење на архивата (е-архива и е-деловодник).

Постапување со архивски и документарен материјал

  • План на архивски знаци, листа на архивски материјал и листа на документарен материјал, со рокови за негово чување;
  • Одбирање на архивскиот од документарниот материјал;
  • Евидентирање (попис и опис) на архивскиот материјал;
  • Категоризација на архивскиот материјал;
  • Попишување на документарниот материјал на кој му изминал рокот за чување;
  • Постапка за уништување на документарен материјал со изминат рок за чување;
  • Простор, опрема и услови за чување и заштита на архивскиот и на документарниот материјал;
  • Предавање на јавниот архивски материјал на трајно чување во Државниот архив.

Цената за учество за едно лице е 1.800 денари со вклучен ДДВ.

Сите заинтересирани можат да се пријават за обуката најдоцна до 24.11.2020 година (вторник) преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката може да се добијат на телефоните: +389 02 3221 091 и +389 02 3122 308.

Учесниците добиваат електронски материјали од обуката и сертификат за учество, којшто ќе биде пратен по пошта.

Обуката ќе се спроведува онлајн, преку платформата ZOOM, за што е неопходно секој учесник да располага со:

  • електронски уред (компјутер, таблет итн.),
  • стабилна интернет-врска,
  • микрофон и звучници (или слушалки).

Секој учесник што извршил уплата за присуство на обуката ќе добие е-пошта со линк до обуката на е-адресата што ја навел во пријавата за учество на обуката. Задолжително, при најавувањето, учесникот мора да ги внесе името и презимето со кои се пријавил за обуката.

За подетални информации за користењето на платформата Zoom погледнете на https://akademik.mk/obuka-preku-platformata-zoom/ .