/ Прочитано:

1.011

АКАДЕМИК ОНЛАЈН ОБУКА: „Улогата на офицерот за заштита на личните податоци – примери и најдобри практики“

Академик, во рамки на својата програма за организирање обуки за заштита на личните податоци, на 06.06.2023 година (вторник), од 10:00 до 13:00 часот, ќе одржи онлајн обука на тема: „Улогата на офицерот за заштита на личните податоци – примери и најдобри практики“.

Обуката, која е наменета за офицерите за заштита на личните податоци, цели кон зајакнување на позицијата на офицерот и е дизајнирана да ве опреми со практични знаења и вештини и стратегии кои се неопходни за успешно извршување на вашата улога како офицер за заштита на личните податоци при воспоставувањето на системот за заштита на личните податоци и заштитата на правата на субјектите во вашата компанија/организација.

Во денешниот дигитализиран свет, зголемена е потребата за воспостаување на соодветни системи за заштита на личните податоци, кое исто така претставува и законска обврска. Вие, како офицер за заштита на личните податоци, играте клучна улога во обезбедувањето на усогласеност со законските обврски за заштита на личните податоци во вашата компанија/организација.

Ве покануваме да ни се придружите на обуката каде, преку практични примери, ќе учиме за основните аспекти на улогата на офицерот, каде нашиот предавач Арбен Гудачи, со неговото десетгодишно искуство на оваа тема, ќе ги сподели најдобрите практики за работата на офицерот.

За време на обуката, особено внимание ќе обрнеме на:

  • улогата на офицерот – темелно разбирање на вашите одговорности, законските обврски и стратешката позиција која ја имате во вашата компанија/организација. Научете како ефикасно да се движите низ сложениот пејсаж на прописи за заштита на личните податоци и да ги поттикнете иницијативите за целосна усогласеност;
  • извршувањето на внатрешни контроли – стекнете ги вештините потребни за спроведување на внатрешните контроли. Откријте ги најдобрите практики за процена на внатрешните активности, идентификација на ранливости/закани и спроведување на мерки за обезбедување на безбедност на податоците;
  • заштитата на правата на субјектите на личните податоци – запознајте се со основните права кои се гарантирани со закон за субјектите на личните податоци, воспоставување транспарентни процеси за обработка на личните податоци и негувајте доверба кај субјектите на личните податоци;
  • поттикнувањето на култура која е насочена кон заштита на приватноста – откријте стратегии за промовирање и воспоставување на систем за работа насочен кон заштита на приватноста и исполнување на начелата за заштита на личните податоци. Научете ефективни техники за комуникации и соработка.

 

Не ја прошуштајте оваа можност да го унапредите вашиот потенцијал како офицер за заштита на личните податоци. Регистрирајте се на нашата онлајн обука наменета за офицери за заштита на личните податоци.

Цената за учество на обуката за едно лице е 4.900 денари со вклучен ДДВ.

Плаќањето се врши врз основа на профактура, задолжително пред почетокот на обуката.

Сите заинтересирани можат да се пријават за обуката најдоцна до 05.06.2023 година (понеделник), преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката може да се добијат на телефоните:

  • +389 071 232 342 и
  • +389 071 232 593.

Во пријавата за учество на обуката треба да ги наведете името и презимето, информациите за субјектот кој ќе го врши плаќањето, адресата за е-пошта која ќе биде користена за да добиете покана за следење на обуката и телефонскиот број на учесникот за контакт.

Учесниците добиваат електронски материјали од обуката и е-сертификат за учество.