/ Прочитано:

935

АКАДЕМИК ОНЛАЈН СОВЕТУВАЊЕ: „Обезбедување на законитост во обработката на личните податоци – како да го утврдиме правниот основ за обработка на личните податоци“

На 20.05.2022 година (петок), со почеток во 10:00 часот, Академик ќе одржи онлајн советување на тема: „Обезбедување на законитост во обработката на личните податоци – како да го утврдиме правниот основ за обработка на личните податоци“.

  • Дали можеме да собираме отисок од прст за евиденција на работното време?
  • Зошто не можеме да обработиме копија од лична карта на вработениот, иако има дадено согласност за тоа?
  • Дали сите вработени треба да дадат согласност за обработка на нивните лични податоци од страна на контролорот?
  • Дали смеам да поставам камери кои снимаат и звук?
  • Дали за обработка на податоците на моите клиенти треба да обезбедам согласност од нивна страна?
  • Дали смееме да објавиме фотографии од настани кои ги организираме?

Пред да отпочне со обработка на личните податоци на физички лица, секоја компанија мора да утврди соодветен правен основ предвиден во член 10 од Законот за заштита на личните податоци, со цел да обезбеди законитост во обработката на личните податоци. Утврдувањето на правниот основ за обработка на личните податоци е клучен чекор во процесот на имплементација на Законот и обезбедување на законитоста во обработката на личните податоци.  Неутврдувањето на  правниот основ, односно несоодветното утврдување на истиот, води кон воспоставување на несоодветен систем за заштита на личните податоци, а со тоа и до неусогласеност со Законот за заштита на личните податоци.

Во таа насока, Академик, во рамки на својата програма за организирање советувања за конкретни теми и аспекти од Законот, организира правно советување на тема – утврдување на правниот основ за обработка на личните податоци, со цел одговарање на најчестите прашања и дилеми кои се покренати од страна на контролорите при процесот на усогласување со Законот за заштита на личните податоци.

Советувањето ќе го води Арбен Гудачи, правник и офицер за заштита на личните податоци во Македонско здружение на млади правници, како и консултант за заштита на личните податоци.

Советувањето ќе биде организирано на начин што по кратката презентација на темата од страна на експертот, ќе следат дискусија и прашања од учесниците за конкретната тема.

Советувањето ќе трае од 10:00 до 11:00 часот, со можност за продолжување за уште половина час, во зависнот од интересот на учесниците.

Цената за учество за едно лице е 1.500 денари со вклучен ДДВ.

Плаќањето се врши врз основа на профактура, задолжително пред почетокот на советувањето.

Сите заинтересирани можат да се пријават за советувањето најдоцна до 19.05.2022 година (четврток), преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за советувањето може да се добијат на телефоните:

  • +389 02 3221 091 и
  • +389 02 3122 308.

Во пријавата за учество на советувањето треба да ги наведете името и презимето, информациите за субјектот кој ќе го врши плаќањето, адресата за е-пошта која ќе биде користена за да добиете покана за следење на советувањето и телефонскиот број на учесникот за контакт.

Објаснување за платформата ZOOM

Советувањето ќе се спроведува онлајн, преку платформата ZOOM, за што секој учесник неопходно е да располага со:

  • електронски уред (компјутер, таблет итн.),
  • стабилна интернет-врска,
  • микрофон и звучници (или слушалки).

Секој учесник што извршил уплата за присуство на советувањето ќе добие е-пошта со линк до советувањето на е-адресата што ја навел во пријавата за учество на советувањето. Задолжително, при најавувањето, учесникот мора да ги внесе името и презимето со кои се пријавил за советувањето.

За подетални информации за користењето на платформата Zoom, погледнете на https://akademik.mk/obuka-preku-platformata-zoom/ .