АКАДЕМИК ОНЛАЈН СОВЕТУВАЊЕ: „Офицерот за заштита на личните податоци наспроти администраторот на информацискиот систем“
На 12.04.2022 година (вторник), со почеток во 14:30 часот, Академик ќе одржи онлајн советување на тема: „Офицерот за заштита на личните податоци наспроти админстраторот на информацискиот систем“.
- Дали морам да определам офицер за заштита на личните податоци во мојата компанија иако имам под 10 вработени во друштвото?
- Ако немам вработено ИТ лице, дали морам да назначам администратор на информацискиот систем?
- Дали ИТ администраторот може да биде и офицер за заштита на личните податоци?
- Кој е одоговорен за безбедноста на податоците, администраторот или офицерот?
- Дали офицерот врши супервизии над работата на администраторот или обратно?
- Кој се може да биде назначен како офицер или администратор?
Наведените прашања се само дел од дилемите и предизвиците со кои се соочуваат контролорите во овој период од применување на новиот Закон за заштита на личните податоци. На барање на контролорите, во наредниов период Академик ќе организира советувања за конкретни теми и аспекти од Законот, со цел олеснување на процесот на имплементација и одговор на најчесто поставуваните прашања од страна на контролорите. Советувањата ќе ги водат докажани експерти од областа на заштита на личните податоци.
Првото советување на тема „Офицерот за заштита на личните податоци наспроти администраторот на информацискиот систем“ ќе се оддржи на 12.04.2022 година. Советувањето ќе го води Арбен Гудачи, правник и офицер за заштита на личните податоци во Македонско здружение на млади правници, како и консултант за заштита на личните податоци.
Советувањето ќе биде организирано на начин што по кратката презентација на темата од страна на експертот, ќе следат дискусија и прашања од учесниците за конкретната тема.
Советувањето ќе трае од 14:30 до 15:30 часот, со можност за продолжување за уште половина час, во зависнот од интересот на учесниците.
Цената за учество за едно лице е 1.600 денари со вклучен ДДВ.
Плаќањето се врши врз основа на профактура, задолжително пред почетокот на советувањето.
Сите заинтересирани можат да се пријават за советувањето најдоцна до 11.04.2022 година (понеделник), преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за советувањето може да се добијат на телефоните:
- +389 02 3221 091 и
- +389 02 3122 308.
Во пријавата за учество на советувањето треба да ги наведете името и презимето, информациите за субјектот кој ќе го врши плаќањето, адресата за е-пошта која ќе биде користена за да добиете покана за следење на советувањето и телефонскиот број на учесникот за контакт.
Објаснување за платформата ZOOM
Советувањето ќе се спроведува онлајн, преку платформата ZOOM, за што секој учесник неопходно е да располага со:
- електронски уред (компјутер, таблет итн.),
- стабилна интернет-врска,
- микрофон и звучници (или слушалки).
Секој учесник што извршил уплата за присуство на советувањето ќе добие е-пошта со линк до советувањето на е-адресата што ја навел во пријавата за учество на советувањето. Задолжително, при најавувањето, учесникот мора да ги внесе името и презимето со кои се пријавил за советувањето.
За подетални информации за користењето на платформата Zoom, погледнете на https://akademik.mk/obuka-preku-platformata-zoom/ .