Академик организира практични обуки за студенти, со фокус на кривичното и граѓанското право
Академик повторно организира практични обуки за студентите по право со цел да им овозможи надградување на академското знаење.
Фокусот на обуките ќе биде ставен на кривичното и на граѓанското право.
На обуките по кривично право предавач ќе биде судијката Васка Масевска, додека пак на обуките по граѓанско право судијката Антоанета Димовска.
ОБУКИ ПО КРИВИЧНО ПРАВО
9 април – Претходна постапка (фази и елементи)
- елементи на предистражната и истражната постапка;
- наредба за спроведување истрага;
- записник од сослушување сведок;
- обвинение (обвинителен предлог и обвинителен акт) и
- практична вежба за изготвување обвинителен акт.
16 април – Главна расправа и пресуда
- симулација на главна расправа;
- видови пресуди и
- практична вежба за пишување пресуда.
ОБУКИ ПО ГРАЃАНСКО ПРАВО
11 април – Пишување правни поднесоци
- форма на тужбата;
- содржина на тужбата;
- начин на подготовка на тужбата и
- практична вежба за пишување тужба.
15 април – Пишување правни поднесоци
- подготовка на жалба;
- видови жалби и
- практична вежба за пишување жалба.
Деталите за обуките може да се добијат на е-адресата stojkovska@htca.mk или на 02/3122-308 или да се погледнат на линкот кој се однесува на обуките за кривично право и на линкот кој се однесува на обуките по граѓанско право.