АКАДЕМИК ПРАКТИЧНА ОБУКА: Oтказ и постапки во случај на штрајк, инспекциски надзор, тужби за определување законитост по штрајк, прекршочни постапки поврзани со Законот за работни односи и Закон за безбедност и здравје при работа

Во организација на АКАДЕМИК, на 29 и 30 ноември 2012 година, во деловниот центар Зебра ќе се одржи дводневна практична обука на теми: отказ и постапки за време на штрајк, инспекциски надзор – постапки и одлуки на инспекторот по претставка, постапка по тужби за определување на законитост на штрајк со предлог за издавање на приверемени мерки, прекршочни постапки поврзани со Закон за работните односи и Закон за безбедност и здравје при работа. 

Врвни обучувачи и за оваа практична обука на АКАДЕМИК

Говорејќи на тема  – Отказ и постапки за време на штрајк, практичната обука на 29 ноември ќе ја отвори адвокат Георги Димитров, партнер во адвокатското друштво „Георги Димитров адвокати“Вториот дел од обуката е резервиран за Горан Поповски, советник и државен инспектор за труд кој ќе зборува за инспекциски надзор и ќе ги образложи постапките и одлуките на инспекторот по претставка.

На вториот ден од обуката, 30 ноември, ќе имате можност да ги слушнете искуствата на двајца судии од Основниот суд Скопје 2.  Судијата Санде Зиков ќе зборува за постапка по тужби за определување на законитост на штрајк со предлог за издавање на привремени мерки, со посебен осврт на тужби за мобинг и тужби за надомест на плата за време на принуден одмор и надомест на шета по враќање на работа. Со прекршочните постапки поврзани со Законот за работни односи ќе Ве запознае судија Јулија Чавдар, која ќе направи пресек на Законот за безбедност и здравје при работа.

Вообичаено за практичните обуки на АКАДЕМИК, на крајот од обуката е резервирано доволно време за прашања, дискусија и практични примери.