/ Прочитано:

1.594

АКАДЕМИК: Практична обука за основните обврски во врска со спроведувањето на Законот за вработени во јавниот сектор и Законот за административни службеници и за прашањата што произлегуваат од нив

Предавачите на оваа обука: Југослав Ѓеорѓиевски, државен советник во Министерството за информатичко општество и администрација, Билјана Николовска-Жагар, државен советник за правни работи во Агенцијата за администрација ќе го сублимираат своето практично искуство кон разјаснување на дилемите на учесниците на обуката.

akad 2

На претстојната практична обука на Академик, која ќе се одржи на 16.5.2016 (понеделник) во 10:00 часот, во хотелот „Квинс“, ќе се разгледаат основните обврски во врска со спроведувањето на Законот за вработени во јавниот сектор и Законот за административни службеници и ќе се дискутира за прашањата што произлегуваат од нив.

Преку конкретни чекори, интерактивни дискусии и преку размислувања во поглед на:

  • динамиката на усогласување на актите на телата и органите на јавната администрација, на институциите, на јавните организации, на установите, на јавните претпријатија со одредбите на Законот за јавната администрација;
  • отворените прашања при спроведување на Законот за вработување во јавниот сектор и
  • работата и спецификите на Комисијата за одлучување по жалби и приговори на административните службеници

предавачите на оваа обука: Југослав Ѓеорѓиевски, државен советник во Министерството за информатичко општество и администрација, Билјана Николовска-Жагар, државен советник за правни работи во Агенцијата за администрација ќе го сублимираат своето практично искуство кон разјаснување на дилемите на учесниците на обуката.

Заинтересираните за обуката можат да се пријават најдоцна до 13.5.2016 (петок) на е-пошта: practicum@akademik.com.mk или на телефон: 02/3232-821 или 02/3237-465.

При пријавувањето, наведете го името, презимето и e-адресите на учесниците, како и името и адресата на правниот субјект кој ќе го врши плаќањето.

Слободно известете ги вашите колеги и соработници и пренесете им ја оваа информација, со цел да имаме што е можно поразновиден профил на професионалци на обуките.

1 newsleter јавни и административни службеници мај 2016a

ЦЕНА:

Цената за учество на секоја обука поединечно, за едно лице е 4.200,00 денари + 18% ДДВ, а корисниците на www.akademika.com.mk имаат -10% попуст. Плаќањето се врши врз основа на фактура, пред или по завршувањето на обуката.

ВАЖНО!

Сите учесници од јавната администрација кои ќе го потврдат своето учество најдоцна до 10.5.2016 (вторник) ќе добијат празничен попуст со што цената на обуката ќе биде 3.200,00 денари +18% ДДВ.

За пријавени три или повеќе учесници од ист правен субјект следуваат специјални групни попусти.

На обуките учесниците добиваат сертификат за учество на обуката, бесплатни материјали (материјалите ќе бидат доставени по електронски пат по завршување на обуката),  кафе, вода и премиум закуска за време на паузите.