АКАДЕМИК ПРАКТИЧНА ОБУКА: Запознајте се детално со новите Закони за вработените во јавниот сектор и за административни службеници, како и со Законот за електронско управување!

Вторник, 18 март февруари 2014 – Во организација на АКАДЕМИК, на 27 и 28 март во деловниот центар „Зебра“, ќе се одржат обуки на значајни теми од работните односи и тоа: подробно за Законот за електронско управување и неговата примена, како и новите Закони за вработените во јавниот сектор и за административните службеници. 

Обуката на 27 март ќе ја отвори државниот советник во Министерството за информатичко општество и администрација, Љубомир Младенов, кој детално ќе се осврне на Законот за електронско управување. Младенов во своето предавање акцент ќе стави на:

– електронската комуникација помеѓу јавниот сектор и компаниите; – електронските обрасци; – поднесоци на компаниите кон јавната администрација по електронски пат и – систем на еден шалтер.

Практичната примена на Законот за електронско управување ќе ја објасни Игор Црвенов, соработник во  Министерството за информатичко општество и администрација. 

Управниот инспектор од Државниот управен инспекторат, Југослав Ѓорѓиевски, на 28 март ќе одговори на сите Ваши прашања поврзани со новиот Закон за вработените во јавниот сектор. Ѓорѓиевски подробно во својата презентација ќе се осврне на:

  • новитетите во Законот;
  • работниот статус на вработените и службениците, систем на надградување или кариера;
  • организациона поставеност;
  • специфични постапки и
  • работа со странки.
Новиот Закон за административни службеници, пак, ќе го образложи  државниот советник во Министерството за информатичко општество и администрација, Младенов. Во фокусот на предавањето ќе бидат:
  • новитети во Законот;
  • работниот статус на вработените и службениците, систем на надградување или кариера;
  • организациона поставеност;
  • специфични постапки и
  • работа со странки.
Вообичаено за практичните обуки на АКАДЕМИК, на крајот од обуката е предвидено доволно време за прашања, дискусија и практични примери.