АКАДЕМИК РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО БЕЛГРАД: Дознај повеќе, запознај се подобро, проучи похрабро!

Петок, 4 април 2014 – Размената на идеи, искуства и знаења за професионалниот престиж и надградба во современото право подразбира внесување на содржини со нов едукативен квалитет, кој не само што ги проширува видиците на актуелната правна мисла, туку и ги надминува границите на суштинската мисија на правото – да биде интегрирачки фактор на динамичниот легислативен, културен и економски простор на меѓународно ниво.

Тргнувајќи од начелата на космополитизмот на правото како професија, а почитувајќи ги традициите на историскиот придонес во креирањето на современата правна мисла, денес практично и не постои подоследен начин да се обедини светското право од можностите што ги дава конференциското организирање и непосредната размена на идеи, искуства и знаења.

Таквата мисија и поимање на правото како современа карактеристика ја препознава АКАДЕМИК, кој со исклучително вложениот ентузијазам и професионализам e посветен во обединувањето на правната мисла, овој пат во месец мај, во престолнината на Република Србија, организирајќи ја Втората регионална правна конференција на тема „Управување со правни ризици“.

Воедно, Конференцијата претставува континуитет на Првата регионална конференција за правните ризици одржана во Скопје, на која повеќе од 300 правници, економисти, адвокати, практичари и теоретичари, универзитетски професори и членови на академската заедница имаа можност да слушнат извонредни предавања, говори, искуства и идеи во рамките на современиот пристап кон управувањето со правните ризици.

За прв пат во регионот на Јужна Европа, во Република Македонија, меѓународни и домашни експерти во одделни области на управување со правни ризици дебатираа за тоа како се предвидува и управува со ризикот во одделна област во правото, со што беше означен почетокот на една нова амбиција во правото, која заслужено го доби епитетот – Моменти на совршена инспирација.

Од тие причини, со нескриено задоволство, многубројните учесници на Конференцијата недвосмислено ја искажаа потребата дека регионализацијата и интернационализацијата на Конференцијата со оглед на нејзиниот квалитет, едноставно е императивна неопходност која мора што поскоро да се случи.

Почитувајќи ги таквите заложби и препораки, а свесни за мисионерската улога во интегрирањето на светската и регионална правна елита на овие простори, АКАДЕМИК со гордост најавува дека овој пат токму Белград, градот – крстопат на европските народи, ќе биде центарот на правото во Јужна Европа, од кој ќе се рефлектира новата правна мисла, новата енергија и новиот едукативен слоган на современото право – да се дознае повеќе, да се запознае подобро, да се проучи похрабро!

Следејќи ја традицијата на организациска иновативност, на АКАДЕМИК Конференцијата за правни ризици, меѓународни и домашни експерти од разни домени на управувањето со правните ризици, пред повеќе од 500 учесници од целиот регион, низ дискусија и преку практичен пристап и приказ ќе го пренесат своето искуство во врска со начините на предвидување и управување ризик во граѓанското, корпоративното, кривичното и во други области на правото.

Како приоритетна тема која ги следи трендовите не модерното право, управувањето со правните ризици денес претставува современ начин за дефинирање, систематизирање и справување со можните проблеми, кои можат да јават во правниот живот на било која организација и институционална структура.

Управувањето со правните ризици е воспоставување на систем на чекори, методи и алатки преку создавање на современ, модерен и одржлив систем за управување со правните ризици, како што и впрочем функционираат системите во најразвиените земји.

Ризиците поврзани со корпоративното управување, управувањето и односите со клиентите во адвокатските канцеларии и друштва, работните односи, колективните договори, концесиите, дозволите, стандардите на градење – во современиот свет системски се решаваат.

Оттука, поконкретно специфицирано, секој раководител на организација, без разлика дали тоа е компанија, адвокатска канцеларија или друштво или пак лидер во јавна институција, треба да има егзактен и прецизен преглед на правните ризици со кои организацијата се соочува, да ги следи и со нив да се справува во моментот на нивното настанување.

За овие актуелни прашања, за првпат во Република Србија, светската и регионалната правна елита ќе ги прозинесе своите ексклузивни знаења за правните ризици со сите аспекти кои произлегуваат од нив.

Колегите правници од регионот и пошироко, ќе имаат одлична можност да воспспостават професионални контакти во својата регионална и сродна фела, имајќи во предвид дека Конференцијата ќе ги собере правниците, адвокатите, економистите, судиите, обвинителите и претставниците на државните институции на едно место.

Покрај интерактивниот колегијален бенефит, учесниците ќе имаат единствена можност да ги слушнат и запознаат еминентните правници од светската правна елита, чии имиња денес претставуваат синоним за знаење, посветеност и успех во правната професија.

За тоа впрочем, говорат и нивните професионални биографии кои откриваат дека персоналниот квалитет на предавачите неслучајно на АКАДЕМИК конференциите му го даваат приматот на интегрирачки фактор на светската правна елита – Број еден во регионот!

Во таа насока, со особена чест и задоволство ги претставуваме и најавуваме:

Tim Jones од Freshfields London, реномираниот британски адвокат ќе говори за правниот менаџмент на Олимписките игри во Лондон и неговите искуства во олимписката организација како водечки партнер и официјален давател на правни улуги на Олимписките и Параолимписките игри кои се одржаа во 2012 година. Со долгогодишно искуство од над 30 години и работа на капитални дејности во различни економски области почнувајќи од нуклеарната енергија и телекомунукациите до поштенските услуги и млечната индустрија, овој адвокат – амбасадор на Принцот од Велс во Лондон, на присутните учесници на Конференцијата ќе им открие колку детектирањето на правните ризици подразбираат успешност во правната професија и корпоративното право во организациона смисла.

Ricardo Ugarte од Winston & Stowe од Чикаго, ќе говори за управувањето со правните ризици во арбитражните постапки и инвестициски доворни спорови и ќе го предочи своето огромно знаење од праксата на меѓународната арбитража што всушност е негов професионален фокус заедно со меѓународните парници и комплексините стопански парници. Г-дин Угарте во меѓународни спорови е советник на широк спектар на клиенти вклучувајќи нафтени и енергетски компании, финансиски институции, телекомуникациски компании, компании за осигурување, фармацветски и градежни компании. Клиенти од САД, Латинска Америка, Блискиот Исток и Европа се дел од портфолиото на овој етаблиран адвокат, кој бил дел и од високопрофилни арбитражи, појавувајќи се како бранител во UNCITRAL арбитражи, Меѓународни стопански комори, Стокхолмската стопанска комора, ICSID и Постојаниот арбитражен суд.

Matthew Whalley од BLP London, ќе говори за управувањето со правните ризици во организациите и структурирањето на менаџерскиот систем. Овој истакнат експерт за правните ризици претходно одговорен за глобални ризици известување и управување со проектите во глобалните иснтитуции, денес е задолжен за правните ризици поврзани со трансформациите на групи, околу помошта на клиентите за идентификација и ублажување на правните ризици како за спроведување на стратешките програми на трансформација.

Георги Димитров од Георги Димитров Адвокати, реномираниот македонски адвокат, ќе одржи предавање за управање со правните ризици во парничната постaпка – одредување на процентот на ризик во судски спор. Георги Димитров е овластен застапник за заштита на правата од индустриска сопственост и е основач на една од водечките адвокатски канцеларии на локалниот и регионалниот пазар со обемна листа на интернационални клиенти кои моментално имаат портфолио на инвестиции на пазарот во Република Македонија од над една милијарда евра. Георги има богато искуство во областа на корпоративното и комерцијалното право на македонскиот и регионалниот пазар. Неговата работа вклучува услуги од областа на даночното право, работното законодавство, банкарството и финансиите. Покрај тоа, има искуство во комплексни правни спорови поврзани со корпоративно управување.

Christopher Brown од Norton Rose Fulbrigh, со оглед на својата исклучителна професионална позиционираност, исто така ќе говори за правните ризици во деловното право и финансиите и проектот London Eye (Лондонско око). Овој реномиран финансиски адвокат од Лондон е специјализиран за советување во иновативни проекти во различни сектори, вклучувајќи инфраструктура, нуклеарна енергија, рударство, енергетика и природни ресурси кои се во развој, како и за етаблираните и развиените пазари ширум светот. Chris e глобален шеф на Групата на финансиски инвеститори во Norton Rose Fulbright, која се фокусира на суверени, малопродажни, институционални и хеџ фондови, како и на приватниот капитал.

Eser Cevahir, угледниот турски инвестирор, во рамки на стопанско-правниот панел, организиран во соработка со белградското адвокатско друштво Bojović & Partners, ќе говори за проектите на јавно-приватното партнерство во Истанбул. Турскиот бизнисмен своето професионално деловно искуство го стекнал како еден од членовите на Одборот на директори во турската водечка компанија Cevahir Holding, која постои повеќе од 50 година и инвестира во Турција, Либија, Саудиска Арабија, а од недамна и во Македонијa.

Илијанчо Гаговски, претприемач од Македонија ќе се осврне на електронскиот систем за управување во адвокатските канцеларии и правните служби во рамки на трговските претпријатија. Гаговски ја предвидува, поставува, води и развива првата директна инвестиција на голема IT компанија во Македонија – Microsoft Македонија. Претходно работел како менаџер за развој на бизнисот во Microsoft Македонија, создавајќи важни пазарни предуслови кои довеле до тоа, Microsoft да донесе одлука за отварање на своја подружница во Македонија во јули 2004 година, кога воедно е назначен за генерален менаџер.

Anto Nobilo, еден од најдобрите хрватски кривичари ќе настапи во кривично-правниот панел, организиран во соработка со Адвокатската комора на Србија, и ќе говори за управувањето со правните и други ризици во кривичната постапка водена во специјалните судови и посебните судски одделенија за организиран криминал. Нобило е познат како директен учесник во предметите во Хрватска како Бродосплит, случајот Петрач, аферата Лабрадор, Пакрачка Пољана, Фамилија Зец, Злосторнички организации, случајот Тисак, Мирослав Кутле и многу други. Во хашкиот трубунал го застапувал Тихомир Блашкиќ, а во Хрватска важи за непомирлив и храбар адвокат кој остана запаметен во историјата како голем противник на вмешувањето на политиката во правосудството.

Тома Фила, добро познатиот адвокат и легенда на балканската адвокатура исто така ќе настапи во кривичноправниот панел, говорејќи за своето професионално искуство и за управувањето со правните и други ризици во кривичната постапка водена во специјалните судови и посебните судски одделенија за организиран криминал. Тома Фила во јавноста е познат како адвокат на личности обвинети за најтешки кривични дела, како и на видни личности од политиката и културата. Бил бранител на личности како Јованка Броз, Слободан Милошевиќ, Жарко Лаушевиќ. Тома Фила е прв адвокат од Србја ангажиран од Хашкиот трибунал, непосредно пред неговото основање, што не го спречи да ја критикува работата на Трибуналот.

Покрај овие еминентни предавачи во програмата за учество свое место заземаат и претставници на српското државно обвинителство, државната управа и локалната самоуправа.

Почитувани пријатели,

Со оглед на атрактивноста и интересот за темата на Конференцијата која ќе се одржи во белградскиот хотел „Хајат“, очекуваме уште ексклузивни гости, за што благовремено ќе бидете известени.

Резервирајте го вашето место уште денес и не ја пропуштајте едиствената прилика да бидете дел од центарот на правото во Јужна Европа! ПРИЈАВЕТЕ СЕ ДО 10.04. 2014 И ИСКОРИСТЕТЕ ГО ПОПУСТОТ ЗА РАНА РЕГИСТРАЦИЈА ОД -10 % !