/Прочитано:

279

Академик се приклучува на денот за правење добри дела „Pay it Forward“

Академик се приклучува на одбележувањето на денот за правење добри дела „Pay it Forward“, кој во организација на „Инер вил клуб Скопје Еуропеа“ и „Аутизам МК“ ќе се одржи на 14 април (недела) на Школка во Градскиот парк од 10:30 до 14:00 часот.

Преку настанот се одбележува месецот април, кој е посветен на зголемување на свеста за аутизмот преку правење добри дела или попознато како „Pay it forward“.

„На настанот ќе ги славиме хуманоста, човечноста, како и почитувањето и прифаќањето на различностите. Тој ден ќе ја славиме љубовта, ќе ја шириме добрината, љубезноста и позитивната енергија“, истакнуваат организаторите во агендата за настанот, која може да се погледне на следниот линк.

Целта на светското движење „Pay it Forward“ е да се поттикнат повеќе од 10 милиони чинови на добрина во светски рамки. „Pay It Forward“ функционира на начин што поттикнува да се направат неколку добри дела за различни луѓе и од нив да не барате ништо за возврат. Сè зависи од добрата волја на луѓето и нивната желба за хуманост и љубезност.