Академик со нов циклус практични обуки за студенти
Во месец ноември Академик продолжува со практичните обуки за студенти. Овој циклус ќе се фокусира на обуки од областа на работните односи и граѓанското право.
Предавач на обуките за граѓанското право ќе биде судијката Антоанета Димовска, а за обуките од областа на работните односи – адвокатот Јане Илијески.
На 4 и 6 ноември (понеделник и среда) ќе се одржат обуките од областа на работните односи
Форма и содржина на договорот за вработување
- Поим и карактеристики на работниот однос;
- Прописи кои се применуваат на работниот однос;
- Договор за вработување:
- Форма на договорот за вработување и задолжителни елементи;
- Последици од непочитување на обврските за формата и содржината на договорот;
- Факултативни елементи на договорот за вработување;
- Најчести спорови што произлегуваат од работен однос;
- Практичен дел за составување на договор за вработување
Видови договори за вработување и договор за вработување наспроти други договори за ангажирање лица
- Договор за вработување на определено и на неопределено време;
- Договор за вработување со полно и со скратено работно време;
- Договор за сезонска работа;
- Договор за волонтерски стаж;
- Договор за приправнички стаж;
- Договор за дело;
- Менаџерски договор;
- Практичен дел за изработка на соодветен договор според дадени конкретни случаи.
На 13 и 14 ноември (среда и четврток) ќе се одржат обуките од областа на граѓанското право
Пишување правни поднесоци/тужба
- форма на тужбата;
- содржина на тужбата;
- начин на подготовка на тужба и
- практична вежба за пишување тужба.
Пишување правни поднесоци/ жалба
- подготовка на жалба;
- видови жалби и
- практична вежба за пишување жалба.
Цена: 500 ден. за обука; 850 ден. за пакет од две обуки; 1.600 ден. за пакет од четири обуки.
ВАЖНО: Учесниците на обуките добиваат 70% попуст за месечен пристап на Академика.
Пријавување учество и повеќе информации на: practicum@akademik.com.mk или на 02/3232-821.
Повеќе за поволноста за студентите од сите универзитети на следниот линк: АКАДЕМИК ЗА СТУДЕНТИТЕ: 50% попуст за месечен пристап на „Академика“