/ Прочитано:

1.000

АКАДЕМИК СОВЕТУВАЊЕ со физичко присуство: „Последни измени во Законот за трговските друштва – предности и можности за инвеститорите и компаниите од воведувањето конвертибилен заем“

На 23.06.2022 година (четврток), од 10:00 до 11:30 часот, Академик ќе одржи обука со физичко присуство на тема: „Последни измени во Законот за трговските друштва – предности и можности за инвеститорите и компаниите од воведувањето конвертибилен заем“.

Со најновата измена на Законот за трговските друштва се воведува можност за инвестиција во трговските друштва преку заем даден од страна на трето лице, односно инвеститор, кој подоцна се трансформира во влог во друштвото. Со оваа измена на Законот, де факто, се дозволува конвертибилниот заем – механизам за инвестиции кој постои во светот од поодамна и е еден од основните механизми кои се користат особено при инвестиции во стартапи и новоосновани компании.

Во таа насока, Академик организира правно советување токму на темата „конвертибилен заем“, со цел да се образложат и анализираат измените во Законот за трговските друштва кои го овозможуваат овој механизам за инвестирање и да им се овозможи на учесниците да поставуваат прашања и да дискутираат за практичната примена на законските решенија во врска со конвертибилниот заем.

Советувањето ќе го води Дејан Алексов, адвокат, основач на адвокатска канцеларија Алексов и ко-основач на Стартап Македонија, иницијатори и учесници во работната група за воведување на овие измени во Законот за трговските друштва.

Советувањето ќе биде организирано на начин што по кратката презентација на темата од страна на експертот, ќе следат дискусија и прашања од учесниците за конкретната тема.

Советувањето ќе трае од 10:00 до 11:30 часот, со можност за продолжување за уште половина час, во зависнот од интересот на учесниците.

Напомена: советувањето ќе се одржи со физичко присуство на учесниците во просториите на АКАДЕМИК ДООЕЛ Скопје, на ул. „Рајко Жинзифов“ бр. 50, Скопје, а бројот на учесници ќе биде  ограничен.

Цената за учество за едно лице е 1.500 денари со вклучен ДДВ.

Плаќањето се врши врз основа на профактура, задолжително пред почетокот на советувањето.

Сите заинтересирани можат да се пријават за советувањето најдоцна до 22.06.2022 година (среда), преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за советувањето може да се добијат на телефоните:

  • +389 02 3221 091 и
  • +389 02 3122 308.

Во пријавата за учество на советувањето треба да ги наведете името и презимето, информациите за субјектот кој ќе го врши плаќањето, адресата за е-пошта и телефонскиот број на учесникот за контакт.