/Прочитано:

3.827

Академика: Автентичните толкувања на одредбите на одделни закони се достапни на akademika.com.mk

Четврток, 6 септември 2012 –  Автентичните толкувања на одредбите на одделни закони од денеска се достапни на akademika.com.mk во нивниот интегрален текст, како што се усвоени од Собранието на Република Македонија и објавени во „Службен весник на Република Македонија“.
Линкот до целосниот текст на автентичното толкување на одредба/и од одделен закон е сместен на страната на односниот закон во посебна категорија „Автентични толкувања“, веднаш под хронологијата на законите.
Пребарување на автентичните толкувања може да се врши преку текстуалниот пребарувач на главната страна за пребарување на akademika.com.mk