/ Прочитано:

975

Akademika.com.mk: Денеска стартува примената на измените на Законот за евиденциите во областа на трудот

Понеделник, 4 март 2013 – Денеска стартува примената на последните законски измени и дополнувања на Законот за евиденциите во областа на трудот. Со измените на Законот ќе се воспостават две евиденции, едната ќе се однесува на невработени лица кои активно бараат работа и евиденција на други лица што бараат работа.

Денеска стартува примената на измените и дополнувањата предвидени со Законот за изменување и дополнување на Законот за евиденциите во областа на трудот (Службен весник бр. 166/2012).

Според новите измени и дополнувања на Законот за евиденциите од областа на трудот, невработените лица ќе се евидентираат според начинот на барање работа, а ќе се селектрираат оние невработени лица кои активно бараат работа и се регистрирани во Агенцијата за вработување.

>> Консолидираниот текст на Законот за евиденциите од областа на трудот е објавен на akademika.com.mk.