/ Прочитано:

1.322

Akademika.com.mk: Одлуките на Уставниот суд кои се однесуваат на подзаконските акти се достапни на akademika.com.mk

Понеделник, 24 декември 2012 Покрај одлуките на Уставниот суд на Република Македонија кои се однесуваат на одделни закони, новина на  akademika.com.mk се и одлуките на Уставниот суд кои се однесуваат на подзаконските акти. 

Линковите до целосниот текст на одлуките на Уставниот суд за подзаконските акти се сместени во хронологијата на соодветните подзаконските акти.

Пребарување на овие одлуки може да се врши преку главниот пребарувач на главната страна за пребарување на akademika.com.mk, во делот „Одлуки на Уставен суд“, со селектирање на „подзаконски акт“ во полето „пребарај низ“, и внесување на сите или некои од параметрите за пребарување (назив; У. број; број на Службен весник; година на објавување).