/ Прочитано:

1.673

Akademika.com.mk го презентираше својот најнов производ — пречистени текстови на законите во РM на албански јазик

Петок, 8 февруари 2013Тимот на akademika.com.mk вчера го презентираше својот најнов производ и единствен од ваков вид во земјава – пречистени текстови на законите во Република Македонија на албански јазик. Присутните на презентацијата меѓу кои значајни личности кои заземаат одговорни функции во македонските министерства, адвокати, јавни службеници и претставници на стопански комори го оценија проектот на АКАДЕМИКА како многу значаен и корисен.

Од средината на јануари 2013 година стартуваше најновиот проект на Академика – пречистени текстови на законите во Република Македонија на албански јазик, единствен производ од ваков вид во земјата. Во моментов, покрај текстот на Уставот на Република Македонија и неговите амандмани, на akademika.com.mk на албански јазик се достапни и текстовите на над 160 закони – бројка којашто постојано и со интензивно темпо ќе се зголемува, објаснија на презентацијата претставниците на тимот. 

Според адвокат Георги Димитров, Академика треба да биде база на консолидирани Македонски прописи која ќе биде достапна на што поголем број корисници и на што поголем број јазици кои се говорат во Република Македонија. Оттука според него значаен е фактот што Академика во краток рок е подготвена сите македонски прописи да ги објави и консолидира и на албански јазик.

„Од самите присутни меѓу кои значајни личности кои заземаат одговорни функции во македонските министерства, адвокати, јавни службеници, претставници од стопанските комори може да се види дека интересот во Македонија за брза и точна информација за изгледот на важечкиот закон во реално време е голем“, посочува адвокат Димитров.

За генералниот секретар на Министерството за информатичко општество Јахи Јахија најновиот производ на Академика претставува голем чекор напред за сите оние кои секојдневно во својата работа се соочени со законските прописи на РМ.

„Верувајте, фактот што веќе Академика има објавено над 160 пречистени текстови на закони на албански јазик е многу значајно за сите нас. Знаете дека во многу места,  посебно во локалната самоуправа – многу општини каде што мнозинството се Албанци, за вработените кога ги пишуваат нивните акти и одлуки потреба е покрај македонската верзија на консолидирани закони да ја имаат и албанската“, смета државниот секретар Јахија

Со пофални зборови и Бујар Дардишта, правниот застапник на Демократската унија за интеграција (ДУИ).

„Aлбанската база на Aкадемика има големо значење тргнувајќи од тоа дека ќе помогне правниците полесно да можат да го разберат, односно да го толкуваат попрецизно значењето на одредени закони. Имено, особено значење има и тоа дека законите се преведени и на англиски јазик што ни помага при работа со странци“, вели адвокат Дардишта.

Според Решат Нагавци, раководител на сектор во Стопанска комора на северозападна Македонија (ОЕМВП) проектот на Академика е многу корисен бидејќи комората во своето секојдневие ги употребува сите закони кои се на ниво на Република Македонија, односно кои како што вели им се неопходни во работењето.

„Членовите на нашата Комора во најголем дел се албански компании кои подобро се снаоѓаат во користење на законите на албански јазик, но тоа не значи дека е исклучена македонската верзија. Јас сум корисник на Академика, можам да кажам дека истата е многу практична, човек навистина многу брзо може да го најде она што му треба, едноставно и корисно за употреба“, потенцира претставникот на ОЕМВП Решат Нагавци.