/ Прочитано:

923

Akademika.com.mk: На 1 март стартува примената на измените на Законот за социјална заштита и Законот за пензиско и инвалидско осигурување

Среда, 27 февруари 2013 – Примената на законските измени за февруарското зголемување на пензиите и зголемувањето на социјалната помош за ранливите категории на граѓани стартува во петок (01.03.2013). 

Во петок (01.03.2013) стартува примената на измените на Законот за социјална заштита предвидени со членовите 2 и 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за социјална заштита (Службен весник бр. 166/2012) и измените предвидени со член 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување (Службен весник бр. 166/2012).

Измeните се однесуваат на деловите во врска со зголемувањето на пензиите околу 5% што Владата ги најави со февруарските пензии, а нивна исплата се врши во март. Останaтите измени се однесуваат на зголемувањето на   социјална помош за ранливите категории на граѓани.

>> Консолидираните текстови на Законот за социјална заштита и Законот за пензиско и инвалидско осигурување сe објавени на akademika.com.mk.