/ Прочитано:

1.059

Akademika.com.mk: Стапи на сила Правилникот за адвокатски маркички

Петок, 7 декември 2012 – Правилникот за формата, содржината, начинот на издавање, подигање, повлекување од употреба, како и формата и содржината на евиденцијата за употребени адвокатски маркички стапи на сила денеска, а ќе почне да се применува од 1 јануари 2013 година.

Адвокатските маркички се издаваат врз основа на пријава која се поднесува на образец “П-АМ“, која се поднесува во период од 1 до 15 во првиот месец од календарското тримесечие за наредното тримесечие. Подигањето на адвокатските маркички се врши со поднесување на барање на образец “Б-АМ“, за издавање на адвокатски маркички во период од 1 до 15 во првиот месец од календарското тримесечие за пријавените количини.

>> Целосниот текст на Правилникот можете да го проследите на akademika.com.mk

 >> Стапува на сила Законот за адвокатски маркички: Казни и до 5000 евра