Akademika.com.mk: Стапи на сила Решението за утврдување на посебни услови за увоз на одредени прехранбени производи поради ризик од афлатоксини

Среда, 27 декември 2013 – Стапи на сила Решението за утврдување на посебни услови за увоз на одредени прехранбени производи поради ризик од афлатоксини. Решението е донесено од страна на директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, а врз основа на член 20 став 1 алинеја 13, а во врска со член 38 став 1 точка 1 алинеја 3 од Законот за безбедност на храната („Службен весник на Република Македонија“ бр.157/10, 53/11 и 1/12).

Со ова Решение се утврдуваат посебните услови за увоз на одредени прехранбени производи поради ризик од афлатоксини.

Посебните услови за увоз на прехранбени производи и преработени и мешовити прехранбени производи се однесуваат на следните производи:

1) За прехранбени производи кои потекнуваат или доаѓаат од Бразил: – бразилски ореви во лушпа со тарифна ознака 0801 21 00 и – мешавина на јатчасто овошје или сушено овошје со тарифна ознака 0813 50 и кои содржат Бразилски ореви со јатка.

2) За прехранбени производи кои потекнуваат или доаѓаат од Кина: – кикирики со тарифна ознака 1202 41 00 или со тарифна ознака 1202 42 00; – кикирики со тарифна ознака 2008 11 91 (во пакувања за непосредна употреба, со нето содржина која надминува 1 кг.) или со тарифна ознака 2008 11 98 (во пакувања за непосредна употреба, со нето содржина која не надминува 1 кг.) и – печени кикирики со тарифна ознака 2008 11 96 (во пакувања за непосредна употреба со нето содржина што не надминува 1 кг.).

3) За прехранбени производи кои потeкнуваат или доаѓаат од Египет: – кикирики со тарифна ознака 1202 41 или со тарифна ознака 1202 42 00; – кикирики со тарифна ознака 2008 11 91 (во пакувања за непосредна употреба со нето содржина што надминува 1 кг.) или со тарифна ознака 2008 11 98 (во пакувања за непосредна употреба со нето содржина што не надминува 1 кг.) … >> Решението за утврдување на посебни услови за увоз на одредени прехранбени производи поради ризик од афлатоксини целосно можете да го проследите на akademika.com.mk.