/ Прочитано:

975

Akademika.com.mk: Стартува примената на дел од измените од Законот за следење на комуникациите

Четврток, 1 ноември 2012 – Од денеска стартува примената на дел од измените на Законот за следење на комуникациите предвидени со членовите  2, 3, членот 5 (со исклучок на делот што се однесува на јавниот обвинител), членот 8, членот 10, членот 11 – став 1, 2 и 3, членот 13 – став 2, 3 и 5, членот 15, членот 21 – став 2, членовите 22, 23, 25, 27, 28, 29, 30, 31, 32, членот 33 (со исклучок на 38-а) и членот 34 од Законот за изменување и дополнување на Законот за следење на комуникациите (Службен весник бр. 116/2012).

Измените меѓудругото се однесуваат на:

  • постапката за следење на комуникацииите;
  • надзорот и контролата над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана.
  • глобата предвидена за правно лице која што се измените се зголемува доколку правното лице произведува, нуди на продажба, продава, врши увоз, извоз, реекспорт или држи средства за следење на комуникации без одобрение на Министерството за внатрешни работи, како и предвидување глоба за физичко лице ако произведува, нуди на продажба, продава, врши увоз, извоз, реекспорт или држи средства за следење на комуникациите без одобрение на Министерството за внатрешни работи.

>> Консолидираниот текст на Законот за следење на комуникациите е објавен на akademika.com.mk.