/ Прочитано:

903

Akademika.com.mk: Влезе во сила Буџетот на РМ за 2013 година

Четврток, 27 декември 2012 – Буџетот на Република Македонија за 2013 година е објавен на akademika.com.mk, истиот влезе во сила денеска (Службен весник на Република Македонија бр.167/2012), а ќе почне да се применува од 1 јануари 2013 година.

Според Буџетот на РМ за 2013 година, вкупните приходи се 147.957.000.000 денари, а расходите се 165.652.000.000 денари. Дефицитот ќе биде 17.695.000 денари.

Растот на БДП е предвиден на 2 проценти, а инфлацијата 3,5 проценти. Бруто инвестициите се очекува да имаат раст од 6 отсто, личната потрошувачка од 1,5 проценти, а јавната од 0,3 проценти. Бројот на вработени во 2013 година се очекува да се зголеми на 0,8 проценти.

>> Буџетот на РМ за 2013 година целосно можете да го проследите на akademika.com.mk.