Akademika.com.mk: Во сабота стартува примената на измените на Законот за трговски друштва
Четврток, 14 март 2013 – Во сабота (16.03.2013) стартува примената на последните законски измени и дополнувања на Законот за трговски друштва. Со измените на Законот се утврдува начинот на потпишувањето на годишната сметка и финансиските извештаи.
За три денови стартува примената на измените и дополнувањата предвидени со Законот за изменување и дополнување на Законот за трговски друштва (Службен весник бр. 166/2012).
Новите измени и дополнувања на Законот за трговски друштва прецизно ги утврдуваат начинот на кој се потпишуваат финансиските извештаи и годишната сметка.
>> Консолидираниот текст на Законот за трговски друштва е објавен на akademika.com.mk.