Akademika.com.mk: Законот за автокампови е објавен на akademika.com.mk
Четврток, 24 јануари 2013 – Закон за автокампови е објавен на akademika.com.mk. Со овој закон се уредуваат начинот и постапката за основање на автокамп, постапката за отуѓување на градежното земјиште наменето за автокамп, условите кои треба да ги исполнат корисниците на автокамповите, како и други прашања поврзани со автокамповите.
Целта на Законот за автокампови е развој на туризмот со привлекување на странски и домашен капитал за формирање на автокампови.
Согласно просторни услови за основање на автокамп, истиот се основа на подрачје за кое е донесена урбанистичко-планска документација за автокамп или друга соодветна урбанистичко-планска документација предвидена согласно со Законот за просторно и урбанистичко планирање.
- Автокамп може да се основа доколку земјиштето е во целосна сопственост на Република Македонија или пак доколку земјиштето е во сопственост на правно или физичко лице.
- Градежното земјиште во сопственост на Република Македонија наменето за автокамп се отуѓува согласно со одредбите од Законот за автокамп.
>> Целосниот текст на Законот за автокампови можете да го проследите на akademika.com.mk.