/Прочитано:

425

Академика го објави Законот за стечај на англиски јазик

Поаѓајќи од професионалните потреби на своите корисници, Академика продолжува со објавување закони преведени на англиски јазик. Обемниот и мошне значаен Закон за стечај ја збогати збирката од над 200 закони преведени на англиски јазик и објавени на Академика.

Како најдобра збирка на македонски прописи на интернет, Академика и понатаму ќе продолжи со објавување прописи на англиски јазик кои се неопходни во правното и деловно работење на корисниците.

Со Законот за стечај се уредуваат целите и условите за отворање на стечајната постапка; органите на стечајната постапка; управувањето и располагањето со имотот што влегува во стечајната маса; намирувањето на побарувањата на доверителите во стечајната постапка; правните последици од отворањето на стечајната постапка; планот за реорганизација; личното управување; ослободувањето од другите обврски; посебните видови стечајни постапки за поединци со статус на трговец; стечајни постапки со странски елемент и други прашања во врска со стечајот.