/ Прочитано:

5.111

Академика: Хронологијата на законите достапни на akademika.com.mk е дополнета и комплетирана со исправките на законите во нивниот интегрален текст

Вторник, 11 септември 2012 –  Хронологијата на законите достапни на akademika.com.mk, од денеска е дополнета и комплетирана со исправките на законите во нивниот интегрален текст, како што се усвоени од Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија и објавени во „Службен весник на Република Македонија“.

Линковите до целосниот текст на исправките на законите се сместени во хронологијата на законите и се означени со моливче. Пребарување на исправките на законите може да се врши преку текстуалниот пребарувач на главната страна за пребарување на akademika.com.mk.