/ Прочитано:

1.078

Академика: Измените на Законот за следење на комуникации достапни на akademika.com.mk

Петок, 21 септември 2012 –  На 27.09.2012 година стапуваат на сила измените и дополнувањата за Законот за следење на комуникациите предвидени со членовите 4, 5, 7, 9, 10, 11, 15, 16, 17, 23, 30, 35, 36, 37, 38, 39 од Законот за изменување и дополнување на Законот за следење на комуникации (Службен весник бр.116/2012), што предвидуваат зголемен опсег на начините на следење и зголемен број на институции што ќе вршат следење на комуникациите. 

Освен Министерството за внатрешни работи, овластен орган за следење на комуникации стана и јавниот обвинител. Наместо 30 дена, осомничените субјекти може да се прислушкуваат и до 4 месеци.

Според новините, во низата на овластени органи што вршат следење освен МВР и Министерството за одбрана се додадени и јавниот обвинител, финансиската полиција и царината. Ќе може да се врши прислушкување и без одобрение од надлежен суд, туку со решение издадено од новите овластени органи.

Освен овие измени, досегашниот рок од 30 дена за следење на комуникациите на осомничените лица се зголемува за 4 месеци.

>> Консолидираниот текст на Законот за следење на комуникациите  е достапен на akademika.com.mk.