/ Прочитано:

3.841

Академика објави пречистен текст на Уставот

Поаѓајќи од значењето на Уставот, кој е највисок државноправен акт во хиерархијата на прописи, и поаѓајќи од професионалните потреби на своите корисници, Академика објави пречистен текст на Уставот на Република Северна Македонија.

Во пречистениот текст се инкорпорирани сите 36 амандмани на Уставот. Со пречистениот текст што го објави Академика се добива јасност и читливост на Уставот, што ќе биде од голема корист за професионалните корисници на најдобрата збирка на македонски прописи на интернет, но и за општата и стручната јавност.