/ Прочитано:

1.747

АКЦИЈА „КОЈОТ“: Осомничени шеснаесет лица, a за девет Обвинителството побарало притвор

„Осомничените подолг временски период, како група, на организиран начин вршеле прифаќање и превоз на мигранти низ територијата на Република Македонија, од Република Грција кон Република Србија. При тоа, врз мигрантите има извршено и разбојништва на начин што припадници на групата ги пресретнувале мигрантите и лажно им се претставувале како припадници на македонската полиција, при што со употреба на сила им ги одземале паричните средства, мобилните телефони и други подвижни предмети“, велат од Обвинителството.

Апсење, акција „Којот“

Шеснаесет лица се опфатени со истражната постапка што ја отвори Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје во предметот „Којот“.

Како што информираат од Обвинителството, за шеснаесет лица постои основано сомнение дека ги сториле кривичните дела: организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со малолетно лице и криумчарење на мигранти од чл. 418-в ст. 1, разбојништво  од чл. 237 ст. 4 в.в. со ст. 1, неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл. 215 ст. 3 в.в. со ст. 1 и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл. 396 ст. 2 в.в. со ст. 1 и в.в. со чл. 22 од Кривичниот законик.

„Осомничените подолг временски период, како група, на организиран начин вршеле прифаќање и превоз на мигранти низ територијата на Република Македонија, од Република Грција кон Република Србија. При тоа, врз мигрантите има извршено и разбојништва на начин што припадници на групата ги пресретнувале мигрантите и лажно им се претставувале како припадници на македонската полиција, при што со употреба на сила им ги одземале паричните средства, мобилните телефони и други подвижни предмети“, велат од Обвинителството.

Покрај тоа, постојат основи на сомневање дека истата група го сторила и разбојништвото на 8.2.2016 г. во Велес, кога од возило на Агенцијата „Перпетум мобиле“ се одземени  4.000.000,00 денари, како и дека на организиран начин групата вршела недозволена трговија со наркотични дроги и недозволено држела оружје. Во акцијата е пронајден дел од оружјето – автоматски пушки, пиштоли и бомби.

Во рамките на истрагата, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција побара од надлежниот судија да им се определи мерка притвор на девет лица.

„До овој момент постапката е завршена против три лица и определена им е мерка притвор во траење од по 30 дена, а за останатите постапката е во тек“, велат од Обвинителството.​