/ Прочитано:

1.430

АКРМ: Адвокатите да набават фискални каси во рок од 30 дена

Четврток, 13 јуни 2013 – Од  денес стапува на сила Законот за престанување на важењето на Законот за адвокатски маркички и започнува обврската за фискализација. Адвокатската комора на РМ (АКРМ) препорачува набавката на фискалните апарати адвокатите да ја извршат најдоцна во рок од 30 дена.

„При набавката препорачуваме да се има во предвид фискалниот апарат да има можност за надоградба со GPRS уред, со оглед што од 01.01.2014 година тој уред ќе биде задолжителен. Според извршените консултации фискализацијата ќе се одвива така што во опис ќе стои адвокатски услуги и износ“, соопштуваат на својата веб-страна од АКРМ.

Во прилог се понудите од две овластени компании, кои до комората доставиле понуди за таков тип каси, а истовремено е опишана и процедурата за набавка.