/ Прочитано:

1.886

АКРМ: Адвокатите да се вклучат со свои коментари во дискусијата за Предлог-законот за кривичната постапка

Министерството за правда го објави текстот на новиот Предлог-закон за кривичната постапка, кој ги утврдува правилата за правично водење на кривичната постапка така што никој невин да не биде осуден, а на сторителот на кривичното дело да му се изрече кривична санкција под условите предвидени во Кривичниот законик и врз основа на законито спроведена постапка. (Објавен текстот на новиот  Предлог-закон за кривичната постапка)

„Имајќи предвид дека се работи за прашање од исклучителен интерес за адвокатурата, ги повикуваме членовите на Адвокатската комора, како засегната страна, внимателно да го разгледаат текстот на Предлог-законот и своите коментари и јасни ставови  најдоцна до 1 декември да ги достават на е-адресата lawyermk@mba.org.mk и директно да ги внесат на веб-страницата на ЕНЕР, соопштуваат од АКРМ.

За Предлог-законот за кривичната постапка од Министерството за правда велат дека е со цел усогласување со меѓународните стандарди и надминување на слабостите лоцирани при примената на постојното законско решение.

„Во периодот на неговата примена беа лоцирани одредени недостатоци, кои е потребно да се отстранат. Дополнително, потребно е усогласување на законот со најновите меѓународни стандарди во оваа област“, додаваат  од Министерството за правда.

Предлог-законот за кривичната постапка може да се преземе и да се коментира на следниот линк.

Во подготовка и Закон за јавното обвинителство и Закон за кривичната постапка

М.В