/ Прочитано:

1.599

АКРМ: Да се најде решение за завршување на штрајкот на судската администрација

Поради тоа, Адвокатската комора, на седницата на Управниот одбор одржана на 20.6.2016 година, донела Заклучок во согласност со кој се обратила до Министерството за правда на Република Македонија, до Судскиот совет на Република Македонија и до Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Република Македонија (УПОЗ) во врска со штрајкот на вработените во судската администрација.

Адвокатска комора на РМ

Адвокатската комора на Република Македонија целосно го почитува правото на штрајк на судската администрација, но поради ваквата состојба, адвокатите трпат последици од неработењето на судовите, што уште повеќе го изразува интересот на Адвокатската комора за што поскоро завршување на штрајкот, велат од АКРМ.

Поради тоа, Адвокатската комора, на седницата на Управниот одбор одржана на 20.6.2016 година, донела Заклучок во согласност со кој се обратила до Министерството за правда на Република Македонија, до Судскиот совет на Република Македонија и до Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Република Македонија (УПОЗ) во врска со штрајкот на вработените во судската администрација.

„Имено, Адвокатската комора на РМ ги поддржува напорите на двете страни за што поскоро изнаоѓање на прифатливо решение за проблемите коишто се причина за штрајкот“, се наведува во соопштението на АКРМ.

Судската администрација го започна својот штрајк на 18 мај и најави дека тој ќе трае сè до исполнување на нивните барања за зголемување на додатоците на плата. На 16- ти овој месец од УПОЗ информираа дека била остварена средба со министерот за правда Валдет Џафери, на која било истакнато дека постои заедничка желба од сите засегнати страни да се изнајде излез и да се направат напори за да се изнајде прифатливо решение за сите страни и штрајкот да се прекине.

М.В.