/ Прочитано:

1.046

АКРМ ги повикува своите членови на предновогодишна забава по напорната работна година и тензичните судења

 

„По напорната работна година, тензичните судења и спротивставените улоги, ве повикуваме да се релаксираме заедно, сите на една страна, да се подружиме заради подобра, помалку стресна и поуспешна 2019 година. Адвокатите, адвокатските стручни соработници и приправници заедно и добро расположени ги очекуваме во „Лофт“, Кеј 13 Ноември, Катна гаража „Солунски конгрес“, Скопје, на 25 декември 2018 година (вторник) од  20:30  до 00:00 часот.

Котизацијата, која вклучува неограничен разновиден алкохолен и безалкохолен пијалак, како и закуска, изнесува 1.500 денари за терминот 20:30 – 00:00 часот. По 00:00 часот пијалаците се доплаќаат. Вашето присуство задолжително да го потврдите на е-пошта: lawyermk@mba.org.mk, заклучно со 18.12.2018. Картите за настанот ќе можете да ги подигнете во просториите на Адвокатската комора на Република Македонија. Карти на самиот настан нема да може да се купуваат“, се вели во соопштението на АКРМ.