/ Прочитано:

2.169

АКРМ: Известување во врска со состанокот за Законот за нотаријатот

„На денешниот работен состанок по повод Законот за нотаријатот кој се одржа во Министерството за правда и кој претставува продолжување на иницијалниот состанок што на 13.03.2018 се одржа во Владата на РМ, претседателот на Адвокатската комора на РМ, Никола Додевски, повторно во писмена форма ги достави предлозите на АКРМ за задржување на учеството на адвокатите во сите постапки. Со цел проучување на предлозите на АКРМ од страна на останатите инволвирани страни, состанокот се одложи за 22.03.2018 (четврток)“, се вели во соопштението на Адвокатската комора на Република Македонија.

М.В