/ Прочитано:

2.653

АКРМ објавува образец од Договорот за размена на податоци со Управата за водење на матичните книги

„Во согласност со меморандумот за соработка помеѓу Управата за водење на матичните книги и Адвокатската комора на Република Македонија, а во врска со електронското поднесување на барање за издавање на извод од МКР, МКВ и МКУ на обичен и двојазичен образец за адвокатите, во прилог го објавуваме Договорот за размена на податоци, кој адвокатите треба да го достават по пошта во 4 примероци, со потпис и печат, до Управата на адресата бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје“, информираат од АКРМ.

Како што беше најавено од овој месец адвокатите ќе можат да поднесуваат барања за издавање извод по електронски пат. Претседателот на Адвокатската комора на Република Македонија, Љубомир Михајловски, и директорот на  Управата за водење за матичните книги,  Бујар Дардишта, минатиот месец потпишаа анекс на меморандумот за соработка помеѓу Управата за водење на матичните книги и Адвокатската комора на Република Македонија.

Целта на соработката е, наместо досегашното чекање на шалтери, на адвокатите да им се овозможи да се регистрираат на веб-страницата на Управата за водење на матичните книги: uvmk.gov.mk и по електронски пат да поднесуваат барање за издавање извод од МКР, МКВ и МКУ, на обичен и на двојазичен образец и изводите да ги добијат во соодветна електронска форма.

Преземи документ:  Договор за размена на податоци

Од 1 декември адвокатите ќе можат да поднесуваат барања за издавање извод по електронски пат

Коморите на адвокатите, извршителите и нотарите потпишаа Меморандум за соработка со Управата за водење на матичните книги

М.В