/ Прочитано:

1.031

АКРМ: Одржани состаноци со адвокатските заедници Битола и Гостивар

„Претседателот на Адвокатската комора на РМ, адвокат Љубомир Михајловски, изминатиот месец одржа состаноци со адвокатските заедници Битола и Гостивар.Целта на состаноците е воочување на проблемите со кои се соочуваат адвокатите во конкретните заедници, како и на генерално ниво.
Актуелните законски решенија кои ги засегаат адвокатите, надриписарството, работењето под адвокатската тарифата се само дел од темите кои беа акцентирани. Од страна на претседателот Михајловски беше посочено дека Комората тековно работи на унапредување на адвокатската дејност и на справувањето со предизвиците, како и тоа дека мора да има соработка и единство помеѓу адвокатите заради исполнување на овие цели.
Предвидено е во наредниот период да се одржат состаноци и со останатите адвокатски заедници“, се вели во соопштението на АКРМ.