/ Прочитано:

2.128

АКРМ: Повик за пријавување во Листата на дежурни адвокати и на бранители по службена должност

„Заради ажурирање на Листата на дежурни адвокати која Адвокатската комора на РСМ, во согласност со член 161 став 1 од Законот за кривичната постапка, има обврска да ја состави  заради остварување право  на адвокат на задржаните лица во период од 20:00 часот навечер до 8:00 часот наутро, како и на Листата на бранители по службена должност, Адвокатската комора ги повикува сите адвокати кои се заинтересирани да бидат запишани да се пријават на е-пошта: lawyermk@mba.org.mk.

По ажурирање, листите ќе бидат доставени до надлежните институции, како и објавени на веб-страницата на Комората.

Во листите ќе бидат запишани оние адвокати кои ја имаат исполнето обврската за намирување на членарината кон Адвокатската комора“, информираат од АКРМ.