/ Прочитано:

930

АКРМ: Предлози во врска со изготвувањето на Граѓанскиот законик

Вторник, 16 април 2013 – Со цел изготвување на Граѓанскиот законик на РМ  што треба да ги интегрира нормите со кои се уредуваат граѓанско-правните односи во комплетен и непротивречен систем, претседателот на Врховниот суд на РМ упати известување до Адвокатската комора на РМ (АКРМ) за предлози во врска со истиот.

Предлозите во врска со изготвувањето на Граѓанскиот законик,  констатирани проблеми во примена на законите од граѓанско правната област и евентуални неусогласености со посебни закони, адвокатите треба да ги достават до АКРМ заклучно до 20.04.2013, информира Комората

Процесот на подготвување на Граѓанскиот законик стартуваше во април 2011 година, а се очекува да трае околу 5 години.

Започнување на процесот кодификација на граѓанското законодавство е детерминиран од процесот на интеграција на Македонија во ЕУ, како и потребите на граѓаните и правните субјекти за современ и ефикасен пристап до правото и правдата.