/Прочитано:

2.734

АКРМ: Предновогодишна забава за членовите на Адвокатската комора на РМ

На 21 декември (четврток) со почеток во 21:00 часот во кафулето „ВИНИЛ“ во Скопје од страна на Адвокатската комора на РМ ќе биде организирана предновогодишна забава за членовите на Комората, информираат од АКРМ.

„Котизацијата за овој настан, кој вклучува неограничен разновиден алкохолен и безалкохолен пијалак, како и ладна закуска, изнесува 1.000 денари.
Вашето присуство задолжително потврдете го на email – e.pavlovska@mba.org.mk. Билетите ќе можете да ги подигнете во просториите на Адвокатската комора на Република Македонија или, пак, во „Винил“ најдоцна до 15 декември 2017 година. Билети на денот на настанот нема да може да се купуваат“, известуваат од АКРМ.

Адресата на „ВИНИЛ“ е:  бул: Партизански одреди  14а, спроти Соборен храм.

М.В

Спонзориран текст