/ Прочитано:

1.289

АКРМ: Регионална конференција на тема „Реформа на кривичното процесно законодавство“

„На Конференцијата ќе бидат презентирани резултатите од проектот, чија цел е идентификување на најголемите и најчестите проблеми во однос на процесната позиција на одбраната во регионот, како и залагање за подобрувања во оваа област, и де јуре и де факто, преку размена на искуствата во интерес на обезбедување на еднаквост на страните и еднаквост на оружјето. Крајната цел е отворање дијалог за неопходните промени во кривичното процесно законодавство на земјите во регионот“, се наведува во соопштението од АКРМ.

Илустрација

Адвокатската комора на Македонија, Адвокатска комора на Србија, Адвокатската комора на Босна и Херцеговина, Адвокатската комора на Албанија и Адвокатската комора на Косово организираат  Конференција на тема „Реформа на кривичното процесно законодавство“, која ќе се одржи на 6 јули 2016 година во Скопје.

Конференцијата е дел од проектот „Реформа на кривичното процесно законодавство“, имплементиран од страна на адвокатските комори од регионот, со поддршка на Балканската регионална мрежа за владеење на правото (BRLLN), УСАИД,  Американската адвокатска комора – Иницијатива за владеење на правото и „Партнери Србија“.

„На Конференцијата ќе бидат презентирани резултатите од проектот, чија цел е идентификување на најголемите и најчестите проблеми во однос на процесната позиција на одбраната во регионот, како и залагање за подобрувања во оваа област, и де јуре и де факто, преку размена на искуствата во интерес на обезбедување на еднаквост на страните и еднаквост на оружјето. Крајната цел е отворање дијалог за неопходните промени во кривичното процесно законодавство на земјите во регионот“, се наведува во соопштението од АКРМ.

Адвокатите што се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-пошта: lawyermk@mba.org.mk до 3 јули 2016 година.