/ Прочитано:

1.269

AКРМ: Сите адвокати се должни да набават фискален апарат

Петок, 21 јуни 2013 – Адвокатската комора на РМ (АКРМ) упати известување до адвокатите, дека сите се должни да набават фискален апарат без оглед дали и во кој обем вршат наплата за своите услуги во готово.

„Во врска со фискализацијата дел од адвокатите изнесуваат погрешни толкувања на Законот за регистрирање на готовинските плаќања, во смисол дека доколку не вршат наплата во готово нема потреба од набавување на фискални каси.

Комората известува дека сите адвокати се должни да набават регистиран фискален апарат за регистрација на готовински плаќања, без оглед дали и во кој обем вршат наплата за своите услуги во готово“, се вели во известувањето на АКРМ.

Законот за престанување на важењето на Законот за адвокатски маркички стапи на сила на 13 јуни годинава, со што започна обврската за фискализација на адвокатите. Препораката за набавка на фискални апарати упатена од АКРМ е  најдоцна во рок од 30 дена од стапувањето на сила на законот.