АКРМ со нов Правилник за дисциплинска одговорност
Врз основа на членовите 30-32 од Законот за адвокатура и чл. 26 до 31 и чл. 33 и 42 од Статутот на АКРМ, Управниот одбор на Адвокатската комора на Република Македонија донесе нов Правилник за дисциплинска одговорност.
Со цел да се заштити угледот на адвокатурата како професија, совесно вршење на адвокатската дејност; да се заштитат граѓаните од евентуални злоупотреби; да се оствари правна сигурност и владеење на правото, со овој правилник се уредуваат дисциплинските повреди и одговорност на адвокатите/адвокатските друштва, адвокатските стручни соработници и адвокатските приправници, се уредува надлежноста на органите, постапувањето, повредите, дисциплинските мерки, извршувањето и евиденцијата на дисциплинските мерки. Целиот текст на Правилникот може да се погледне на следниот линк.
M.В