/ Прочитано:

1.085

АКРМ: Затворен списокот на учесници за Адвокатските спортски игри 2018

„Списокот на учесници за Адвокатските спортски игри 2018 е затворен. Воедно, капацитетите на хотелот „Сириус“ се пополнети и во него ќе бидат сместени адвокатите кои се пријавиле и платиле котизација заклучно со денешниот ден (2.10.2018).

За адвокатите кои се пријавиле, а не уплатиле котизација до 2.10.2018, обезбедено е сместување под истите услови во однос на котизацијата во хотелот „Есперанто“.

Спортските игри ќе се одржат во салата на ОУ „Даме Груев“, Куклиш, Струмица. На сите учесници ќе им биде доставена агенда по е-пошта“, информираат од АКРМ.