/ Прочитано:

1.370

АКРСМ: Меморандум за соработка помеѓу Адвокатската комора на РСМ и Здружението на јавни обвинители во РСМ

Претседателот на Адвокатската комора на Република Северна Македонија г-дин Љубомир Михајловски и претседателот на Здружението на јавни обвинители во Република Северна Македонија, г-дин Елвин Вели, согласно заедничките заложби за модерен и ефикасен правосуден систем денеска во просториите на Комората, потпишаа Меморандум за соработка.

Меморандумот има за цел размена на искуства, знаење, едукација и усовршување на кадри од областите во кои двете страни имаат кадровски и други потенцијали и интереси.

Согласно Меморандумот, Комората и Здружение ја изразуваат својата согласност за соработка и давање меѓусебна поддршка  во насока на:

  • Заедничко учество во стручни и научни проекти, анализи, заемно учество во советување, работилници и други професионални состаноци организирани од страна на договорните страни;
  • Организирање и учество на конференции, симпозиуми, семинари, обуки, тркалезни маси и друг вид на настани од заеднички интерес;
  • Размена на искуства во организирање на континуирана правна обука;
  • Размена на правна литература, истражувачки извештаи изготвени од договорните страни;
  • Соработка на стручните служби со договорните страни.