/ Прочитано:

2.715

АКТИВИСТИЧКИ АКЦИОНЕР КОЈ СПАСИ ДЕСЕТИНА КОМПАНИИ ВО ХРВАТСКА: Ненад Бакиќ, предавач на Конференцијата на Академик

Во Хрватска Бакиќ е познат како најголемиот „мал“ инвеститор во акции во голем број компании. Тој се наоѓа на Топ 10 листата на најголеми акционери која ја води Централното клириншко и депозитарно друштво (СККД). Сопственик е на акции во „АД Пластика“, „Петрохемија“, „Ѓуро Ѓаковиќ“, „Валамар Адриа Ходинг“, „Аренатурист“, „Финкорп“. Вкупната вредност на акциите што ги поседува е над 10 милиони евра. Иако акциите во овие компании го составуваат најголемиот дел од неговиот удел во компании, Бакиќ поседува акции и во други компании.

Ненад Бакиќ, предавач на Конференцијата на Академик

Со особено задоволство Академик го најавува најпознатиот хрватски претприемач и инвеститор Ненад Бакиќ, како предавач на овогодишната Академик конференција „Управување со правни ризици: Правни трендови – Skopje Legal Risk Management: Legal Trends“, која ќе се одржи на 18 и 19 октомври во Скопје.

Во Хрватска Бакиќ е познат како најголемиот „мал“ инвеститор во акции во голем број компании. Тој се наоѓа на Топ 10 листата на најголеми акционери која ја води Централното клириншко и депозитарно друштво (СККД). Сопственик е на акции во „АД Пластика“, „Петрохемија“, „Ѓуро Ѓаковиќ“, „Валамар Адриа Ходинг“, „Аренатурист“, „Финкорп“. Вкупната вредност на акциите што ги поседува е над 10 милиони евра. Иако акциите во овие компании го составуваат најголемиот дел од неговиот удел во компании, Бакиќ поседува акции и во други компании.

Според веб-страната „Мои акции“, кој го пресметува уделот во компании на дневна основа, Бакиќ постојано е еден од првите 10 акционери во голем број компании.

Стратегијата на Бакиќ за вложување во акции се нарекува „Барселона“, затоа што вложува само во акции кои на берзата се еквивалент на вредноста на истоимениот шпански фудбалски клуб.

Акционерот е дел од бизнисот, а не дел од шпекулативните документи

Бакиќ започнува да ги вложува своите пари на берзата во последните неколку години, меѓутоа на врвот на берзата. Благодарејќи на тој пристап, од 2007 година наваму тој успешно ги избегнува шпекулативните приказни, како што се градежништвото или бродоградителството. Најактивен е на берзата од 2009 година, а фокусиран е на хрватски компании и на компании кои работата за извоз, главно во областа на туризмот.

Бакиќ не е само играч на берзата, тој е активистички акционер

„Тоа значи дека преку користење на легални методи, се обидувам да го поправам лошото однесување на управата и на големите акционери. Во согласност со законските можности и светската пракса јас се ангажирам за да им помогнам на компаниите кога е можно, да го „поправат“ своето работење“, вели Бакиќ. Во своето портфолио на спасување компании преку инвестирање во нив и преку промена на однесувањето на сопствениците на големите акции, тој ги запишува компаниите „Валамар адриа холдинг“ (ВАХ) и „Ѓуро Ѓаковиќ“.

„Активистичкото инвестирање е битно и за демократијата, вели Бакиќ. Кога ќе се преслика одговорноста што ја бараат акционерите од управата врз она што го бараат граѓаните од политичарите, демократијата ќе почне да цвета“, смета Бакиќ.

Бакиќ советува дека најисплатливо е да се инвестира во акции, а не во недвижности. Откако пред 4 години почнал да вложува во акциите на најголемата туристичка компанија „Валамар“, нејзината вредност се зголемила 10 пати, па вели: „Поради тоа живеам под кирија, а поседувам акции во туристичка компанија“.

Првата компанија ја создал со заштеда од шест илјади марки

До 32 години Бакиќ работи како математичар на Факултетот во Загреб и на подготовката на својот докторат. Магистрира во Загреб, а докторските студии ги завршува во САД.

Тој е дел од првиот бран на приватизацијата кога, како и многу граѓани, купува акции на кредит бидејќи почнува да се интересира за финансискиот пазар. На тој начин почнува посериозно да го следни финансискиот пазар и да пишува анализи за многу медиуми, но и да го пресметува и да го објавува првиот индекс на Загрепската берза уште пред самата да го направи тоа.

Меѓутоа, Бакиќ и многу ризикува во текот на својата кариера.

Дава отказ од Факултетот со цел темелно да му се посвети на она што навистина сака да го работи – финансиската анализа. Најпрво работи во своја фирма за финансиски анализи, а набрзо потоа добива понуда за менаџерска позиција во една банка, каде што работи на полето на пазарниот капитал и на посебен проект – аквизиција и основање на пензиски фондови.

„Знаете дека сум доста директен, па затоа не успеав долго да бидам дел од сплеткарскиот состав на големите банки, иако бев успешен уште од самиот почеток, па дури сакаа и да ме пратат во Њујорк на доусовршување“, вели во едно интервју Бакиќ.

„Моја работа“ најуспешниот интернет-портал за наоѓање работа

Во 2000 година Бакиќ го започнува својот проект „Моја работа“, финансиски портал кој целосно го револуционизирал пазарот на трудот, а Хрватска, благодарејќи на проектот, станува најразвиената земја за вработување преку интернет. Порталот „Моја работа“ станува толку популарен што дури претставува и директна конкуренција на хрватскиот Завод за вработување, кој барал „гаснење“ на порталот на Бакиќ.

Покрај порталот, Бакиќ основа и агенција за пронаоѓање на работници и развивање на човечки ресурси, како и за привремено вработување.

Продажбата на порталот „Моја работа“, кој ѝ го продава на унгарската подружница на британскиот „Дејли мејл“ и тоа за неверојатни 15 милиони евра, е запаметена како најголемата трансакција поврзана со интернетот во поширокиот регион.

Бакиќ и денес е сопственик на две успешни компании за управување со човечки ресурси „Селекцио“ и „Електус“ – агенцијата за привремени вработувања.

„Селекцио“ функционира како компанија која нуди услуги од типот сè на едно место, односно има докажани резултати во својата работа во познавањето на хрватскиот пазар на трудот, во пристап до сите сегменти и сектори во индустријата, како и во способноста за испорака и за етика во работењето.

Основана во 2004 година кога за првпат преку неа се овозможило привремено вработување, „Електус“ и до ден денес е најголемата агенција на подрачјето на Хрватска. Таа соработува со повеќе од 80 корисници во различни области, а на своите клиенти им обезбедува најголем квалитет и сигурност во услугите што ги нуди.

Инвестирањето во младите ќе го промени општеството

Ненад Бакиќ најголемите промени ги гледа во младата генерација и со цел да докаже дека промените се возможни и дека личната иницијатива може да го промени општеството, тој ја започнува иницијативата „Хрватски иноватори“, чијашто цел е опремување на училиштата со опрема за роботика и автоматика и поттикнување на иновативноста, истражувањето и развојот на технологијата и роботиката кај младите.

Освен што е инвеститор, Бакиќ е и еден од најзначајните филантропи во Хрватска, кој ги поддржува иницијативите на граѓанскиот сектор и кој основа и други проекти за филантропија. Активно е вклучен во креирањето на јавното мислење преку учество во јавни дискусии, промовирајќи ја либералната демократија и слободните пазари. Член е на загрепскиот Ротари клуб и активно е вклучен во многу проекти на Клубот, вклучувајќи го и Проектот за глобални грантови за Глина: Мост кон подобра инднина. Тој е автор на најпопуларниот блог во Хрватска „Еклектика.хр“.

АКАДЕМИК КОНФЕРЕНЦИЈА Управување со правни ризици: Правни трендови – Skopje Legal Risk Management: Legal Trends, 18 – 19 октомври, 2016 година