/Прочитано:

1.326

Акцискиот план на Стратегијата за реформа на јавната администрација

Акцискиот план на Стратегијата за реформа на јавната администрација е составен дел на Стратегијата за РЈА 2018 – 2022. Акцискиот план ги дефинира мерките и активностите кои ќе придонесат кон постигнување на соодветната посебна цел; водечките органи надлежни за спроведување на активностите и другите органи кои ќе бидат вклучени во спроведувањето;  почетниот и крајниот квартал во соодветната година што претставува временска рамка за спроведување на активностите;  проценка за потребните средства и изворот на финансирање; и индикаторите за мерење на успешноста кои се дефинирани на ниво на општа цел, на посебни цели и на мерки.

Временската рамка на Акцискиот план е 5 години, односно кореспондира со временската рамка на Стратегијата за РЈА 2018 – 2022. Заради детално дефинирање на спроведувањето на мерките и активностите, ќе се подготват годишни oперативни планови за секоја од областите, со детална разработка на чекорите и роковите за спроведување на активностите и индикаторите за мерење на напредокот и успехот во постигнувањето на целите. Оперативните планови ќе бидат алатка за годишното следење и известување за напредокот на спроведувањето на Стратегијата за РЈА 2018 – 2022.

„МИОА како министерство надлежно за управување и следење на спроведувањето на РЈА, ќе обезбеди навремено подготвување на oперативните планови. Во првата година на спроведувањето на Акцискиот план посебно внимание ќе биде посветено на дефинирање на појдовните вредности на дефинираните индикатори. Со тоа ќе се овозможи дефинирање на резултати кои ќе дадат јасна слика за напредокот во спроведувањето на мерките и целите. Улогата на водечките органи надлежни за спроведување е да ги спроведува и координира мерките и активностите во соодветната приоритетна област, како и да го следи спроведувањето, да прибира податоци за мерење на успешноста на спроведувањето и да подготвува извештаи. Органите кои учествуваат во спроведувањето на соодветните мерки и активности имаат задача да учествуваат во работните групи, да придонесуваат во следењето, мерењето на успешноста и подготвувањето на извештаите“, се посочува во Акцискиот план.

 Акцискиот план на Стратегијата за реформа на јавната администрација

M.В